Медиумите откриваат што требало да знаат полицијата и општина Кочани за работењето на дискотеката „Пулс“

March 18, 2025
1 min read

По трагичниот пожар во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 млади лица, се поставува прашањето: што требало да знаат и како требало да постапат локалната самоуправа и полицијата?

Според увидот на 360 Степени во неколку согласности што ги издава Министерството за внатрешни работи (МВР) за ноќни клубови и дискотеки, јасно е наведено дека дозволата важи една година и може да биде повлечена доколку објектот не постапува согласно Законот за угостителство. Тоа значи дека ОВР Кочани требало да знае дека „Пулс“ нема важечка согласност, а со тоа и дека нема валидна лиценца за работа.

Општината, пак, е должна да води евиденција за угостителските објекти кои работат на нејзина територија. Дел од средствата од издадените лиценци за кабареа одат на сметката на општината, што значи дека и таа требало да биде свесна дека „Пулс“ работел нелегално.

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка по трагедијата, а истрагата покажува дека клубот работел во објект без соодветна дозвола и со лесно запаливи материјали. Директната причина за пожарот, според досегашните наоди, била употребата на пиротехнички средства без дозвола.

Неколку поранешни функционери, кои биле одговорни за издавање лиценци, се во 48-часовен притвор. Меѓу нив е и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши. Засега, јавноста не е информирана за одговорност на актуелните локални власти.

Законот за угостителство дозволува објектите сами да потврдат дека ги исполнуваат стандардите, без детални проверки. За добивање на лиценца е потребна согласност од МВР за јавен ред и безбедност во сообраќајот, но ако објектот не ги почитува правилата, МВР може да ја повлече.

Со оглед на тоа дека „Пулс“ немал лиценца, МВР не можело да издаде таква согласност, што значи дека локалната полиција знаела дека клубот работел нелегално. Исто така, според Законот за полиција, командирот на полициската станица во Кочани е избран од Советот на Општината, каде што мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ. Тоа покажува дека локалните власти имале директна комуникација со полицијата, но не презеле мерки.

Прочитајте повеќе на 360 степени

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Резервоарот за нафта бил празен и не е поврзан со сопственичката структура на дискотеката

Следно

Мицкоски најавува робусна контрола: Сите оние коишто не ги исполнуваат условите согласно закон, ќе бидат затворени и санкционирани

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop