Папазов на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани

March 17, 2025
1 min read

Градоначалникот на Кочани, кој денеска си поднесе неотповиклива оставка, попладнево бил на сослушување пред обвинител во ОЈО Кочани во истрагата за пожарот во дискотеката во којшто животот го загубија 59 лица, а повеќе од 150 се повредени.

-Во моментов градоначалникот на општината е во зградата и дава исказ, одговори на прес-конференција во Кочани јавниот обвинител Љупчо Коцевски кој рече дека во моментот не може да потврди дека и тој е меѓу осомничените.

Претходно Коцевски кажа дека во Основниот суд во Кочани се држат рочишта по однос на предлозите за краткотраен притвор.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски исто така соопшти дека во врска со несреќата во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани во која животот го загубија 59 лица се работи на итно процесуирање на 14 осомничени. Тој информираше дека се сомничат за „тешки дела против општа сигурност“ по член 292 од Кривичниот законик со казна затвор од најмалку три години без горна граница на казнување, што може да се движи до 20 години. Воедно, рече дека се испитуваат дејствија на примање и давање поткуп како и незаконска набавка на пиротехнички средства.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Поранешниот министер Крешник Бектеши однесен на распит во Кочани

Следно

Симоновски во Аргумент плус: За настани со голем број на посетители потребно е да се извести и полицијата но и пожарната

Latest from Blog

ПРВ СЛУЧАЈ НА ЕБОЛА ВО ФРАНЦИЈА: Првиот случај е лекар кој се вратил од Конго

Франција го пријави својот прв случај на ебола за време на актуелната епидемија, откако беше утврдено дека лекар, кој се вратил од Демократска Република Конго (ДР Конго), е позитивен на вирусот. Француското

Уставно-судската пракса ја потврдува посебната улога на државата во организирањето на игрите на среќа

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри, правно и аргументирано истакна дека државата треба да

Божиновска: Отвораме нови можности за соработка со Шпанија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување
Go toTop