Новицки: Секогаш ќе бидам дел од Далас, но размената на Дончиќ ме многу ме погоди

March 17, 2025
1 min read

Легендарниот кошаркар на Далас маверикс проговори за одлуката на раководството на клубот да го размени Лука Дончиќ во Лејкерси.

По трејдот, Дирк Новицки присуствуваше на првиот натпревар на словенечкиот играч во дресот на Лос Анџелес лејкерс.

– Секогаш ќе бидам дел од Мавс. Но, оваа размена навистина болеше. И ќе треба време пред сето ова да се прифати и да продолжиме понатаму. Бев шокиран. Тоа е добар збор за да се опише мојата реакција. Бевме на семејно патување, поминавме долго време во Европа, а потоа патувавме малку низ Азија. На крајот од патувањето бевме на Малдиви. Беше буквално последен ден и седев во соба и се подготвував да ги пакувам работите. Одеднаш телефонот ми експлодира од повици и пораки од целиот свет. Веднаш влегов на Твитер, ги прочитав вестите и на почетокот бев само во шок, изјави Новицки.

Германецот во знак за поддршка на Дончиќ одлучил да отпатува во Лос Анџелес на првиот натпревар на Словенецот во неговиот нов клуб.

– Помислив дека би било одлично да го поддржам на неговиот прв натпревар. Одамна немаше играно – се повреди. Така, полетав за Лос Анџелес. Само сакав да му покажам дека нашето пријателство е сè уште силно. Игравме заедно една сезона – мојата последна сезона – и секогаш се трудев да му помогнам, да му бидам ментор. Сакав да му покажам дека сум тука за него, дури и ако сега е на друго место. Дека имаме пријателство, дека сè уште сум тука да го поддржувам него и неговото семејство. Тој би можел да потпише супермакс договор со Мавс. Овој тип на договор може да се потпише само со тим во кој сте веќе неколку години. Но, по оваа размена тој ја загуби таа можност. Сега тој не може да потпише супермакс, што значи дека оваа размена може да го чини над 100 милиони долари. Но, на крајот на денот, Лука не е некој што игра само за пари, нагласи Новицки.

Дончиќ беше дел од Далас од 2018 до почетокот на оваа година.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Тешка состојбата на 14 повредени во пожарот во Кочани што се на лекување во Бугарија

Следно

Во Анкара продолжува лекувањето на шестмина тешко повредени во пожарот во Кочани

Latest from Blog

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран

Советот на Прилеп одвои 14,5 милиони денари за спортот и граѓанскиот сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки

Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница – 14,5 милиони денари за спорт и граѓански сектор

На денешната 16-та седница на Советот на Општина Прилеп, на која присуствуваше и градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, советниците со мнозинство гласови ги усвоија сите точки од дневниот ред, носејќи одлуки
Go toTop