Убијци, секој еден може да е следен – Бес кај граѓаните, на неколку лица им се слоши на протестот во Кочани

March 17, 2025
1 min read

Граѓаните на Кочани денеска излегоа на протест, барајќи правда и одговорност за трагедијата во дискотеката, во која загинаа најмалку 59 лица.

Гневот и болката се чувствуваа низ насобраната толпа, а многумина го искажаа својот револт против надлежните институции. Според извештаите од терен, на две лица им се слошило за време на протестот, по што им била укажана помош од Црвениот крст.

-Убијци, убијци! Секој еден може да е следен! Сакаме правда!, извикуваа граѓаните на протестот.

Истовремено, граѓаните во долги редици чекаат да се потпишат во книгата на жалост, споделувајќи ја тагата за загубените животи.

Денешниот апел е да бидеме помасовни, побројни и да не молчиме, бидејќи со молчењето стигнавме до овде,“ изјави Стојан Рашков, фотограф и учесник на протестот во Кочани.

Тој посочи дека корупцијата ги надминала сите граници и дека е втемелена во секој сегмент од општеството.

„Корупцијата ни убива секој ден. Мораме што побргу да се пресметаме со неа, бидејќи таа не убива,“ нагласи Рашков.

Во однос на одговорноста на институциите, тој беше скептичен:

„Не очекувам многу од надлежните, бидејќи и во претходни случаи каде што имаше трагедии, не видовме вистинска правда. Сепак, ја поздравувам оставката на градоначалникот, кој се одважи да го направи првиот чекор. Но, надлежните имаат многу работа, бидејќи системот е скапан и пред лицето на правдата треба да излезат многу општествени чинители.“

„Апелирам сите да бидеме посвесни за тоа што се случува и што правиме. Не смееме да се потпираме на подмитување и врски, бидејќи гледаме до каде нè доведоа тие работи,“ изјави Гордана Иванова, учесничка на протестот во Кочани.

Таа нагласи дека корупцијата одамна ги надминала сите граници и дека трагедијата што се случи е доказ за тоа.

„Најжалното од сè е што ова не е првпат. Немам зборови…“

Иванова изрази разочараност од институциите и нивната долготрајна нефункционалност:

„Што да очекуваме како мерки, кога сето ова се влече со децении? Оваа дискотека постои 20 години, а секогаш сум велела дека не личи на место за забава. Тоа не беше простор за живеење, а камоли за собирање на повеќе од 500 луѓе.“

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од Србија кон Скопје лета авион за префрлање повредени во пожарот во Кочани

Следно

Собранието отвора Книга на жалост по огромната несреќа во Кочани

Latest from Blog

Трамп: Русија и Украина договорија тридневно примирје- тоа е почеток на крајот на војната

Трамп го објави ова на социјалната мрежа Truth Social, наведувајќи дека за време на примирјето ќе бидат суспендирани сите борбени активности и ќе биде спроведена размена на 1.000 воени заробеници од секоја

Николоски: Македонија добива брза пруга на коридор 10 со возови до 200 км/ч

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот

Скопје – Атина за пет часа: Николоски најави железничка револуција

Македонија се подготвува за значајна модернизација на железничката инфраструктура со изградба на брза пруга на Коридорот 10, по која возовите ќе се движат со брзина до 200 километри на час, најави вицепремиерот
Go toTop