Следните седум се денови на жалост, што значи тоа?

March 16, 2025
1 min read

Владата прогласи седум дена на жалост поради катастрофата во Кочани, во која загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 100 се повредени, од кои 22 се во критична состојба.

Во следните седум дена, нема да одржуваат културни манифестации и настани. Знамињата во сите институции ќе бидат на половина копје, а радиодифузерите ќе мора да ја прилагодат програмата, така што музиката да биде од жанрови соодветни за денови на жалост. На радијата ќе се емитуваат само сериозна музика.

Телевизиите не смеат да емитуваат филмови од хумористичен карактер. Забранети се хумористични емисии. До завшрувањето на деновите на жалост радиодуфизерите се ослободени од обврската за емитување одреден процент домашна музика.

Емитувањето на забавните шоу-програми, хумористичните емоции или играната програма од жанрот комедија ќе се одложи за други денови кога ќе завршат деновите на жалост.

Се откажуваат и сите театарски претстави, кино проекции, концерти, а се откажани и сите домашни спортски настани. Забранети се сите настани на јавни места

Забранети се сите културни манифестации и настани во деловите на жалост.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Тешко повредена пациентка од Кочани оперирана во Ниш имала изгореници кои зафатиле 25 % од нејзиното тело

Следно

Згрижени вкупно 145 настрадани во трагедијата во Кочани- дел се во Македонија, дел од нив во други држави

Latest from Blog

Go toTop