Хотелите во Скопје обезбедија бесплатно сместување за семејствата на загинатите и повредените

March 16, 2025
1 min read

Здружението на хотели од Скопје, обезбедија бесплатно сместување за семејствата и роднините на повредените и почиантите лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во клиниките низ државава, се лекуваат 155 лица, а семејствата на повредените се пред болниците каде чекаат нови информации за нивните најблиски.

„Семејствата и блиските на настраданите и повредените лица можат бесплатно да се сместат и да одморат во хотелите на територија на градот Скопје. Доколку им се потребни повеќе информации можат да се јават на телефонскиот број 073 821 120”, објавија од Здружението на хотели во Скопје.

Претходно министерството за образование и наука соопшти дека ги отвора студентските и ученичките домови за оние кои им треба сместување во Скопје. Може да се сместат востудентскиот дом „Гоце Делчев“ во Општина Карпош, студентскиот дом „Томе Стефановски – Сениќ“ во Гази Баба, ученичкиот дом во рамки на државното училиште за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ исто така во Гази Баба, студентскиот дом „Пелагонија“ и на ученичкиот дом во рамки на државното училиште за образование и рехабилитација „Димитар Влахов“, двата во Кисела Вода.

Министерот за култура Зоран Љутков изјави дека сите институции од областа на културата во Скопје ги отворија вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно.

Исто така и Македонскиот народен театар понуди сместување за роднините и пријателите на починатите во трагедијата во Кочани.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Телата на починатите во пожарот ќе се транспортираат на обдукција во Скопје

Следно

Тошковски: Во дискотеката имало околу 500 лица, биле продадени околу 250 карти

Latest from Blog

Еве кои седишта се најдобри за долги авионски летови

Долгите авионски летови за многу патници се вистински предизвик, најчесто поради ограничениот простор и неудобните седишта во кабината. Според стјуардеса од авиокомпанијата Вирџин Атлантик (Virgin Atlantic), изборот на вистинското седиште може значително

Станковиќ: Цариградските камбани сѐ погласно бијат за некаква „северномакедонска црква“!?

Македонската православна црква–Охридска архиепископија е повеќе од зборови – тоа е идентитетска формула, духовна и историска декларација што ја обединува националната самобитност со вековната легитимација. Во него се спојуваат два столба: македонската

Европската агенда во прв план на разговорите меѓу Сали и Рокас

Министерот за европски прашања Беким Сали оствари средба со амбасадорот на Европска Унија, Михалис Рокас, на која ја истакна јасната и недвосмислена посветеност на Владата кон процесот на европска интеграција. На средбата,

Професии кои ќе исчезнат до 2030 година – дали и вашата е меѓу нив?

Вештачката интелигенција одамна не е поим од научнофантастични филмови, туку економска реалност која го преобликува пазарот на труд побрзо од која било технолошка револуција досега. Додека едни во неа гледаат можност за
Go toTop