Муцунски: Нема ризици по безбедноста и суверенитетот на државата од случувањата во Србија

March 15, 2025
3 mins read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски истакна дека согласно информациите со кои располагаат клучните безбедносни институции во земјава нема потенцијални ризици врз суверенитетот или врз политичко-безбедносниот контекст на нашата држава од случувањата во Србија.

-Ние активно ги следиме случувањата, секако примарно во регионот, генерално и на целиот континент и во целиот свет. Споделуваме информации не само внтарешно институционално, помеѓу интситуциите туку како земја членка на НАТО тековно споделуваме информации со нашите сојузници. Состојбата во Србија е само едно од регионалните прашања кое што постојано имаме обврска да ги следиме. Тоа ги вклулчува случувањата со тековната состојба во Косово, развојот во БиХ и примарната наша цел е да следиме потенцијални импликации од политичка, безбедносна па дури и од економска и трговска гледна точка на нашата држава. Протестот е демократско средство, право на секој граѓанин, како што е и обврска на секој граѓанин да почитува демократски процеси. Нашата надеж е дека протестите ќе завршат на мирен начин бидејќи ние сакаме мир и благосостојба кај сите наши соседи за да можеме да соработуваме проактивно кон нашите заеднички интереси, вели Муцунски во гостувањето на Тема на денот на Сител Телевизија.

Прашан можни ли се некакви импликации по нас, Муцунски вели дека генерално кога има поголема маса на луѓе на протести, секогаш постојат ризици, а обврска на институциите во Србија е да ги намалат тие ризици и да нема такви импликации.

-Во моментот нема нешто кое може да ги грижи македонските граѓани од потенцијални ризици врз суверенитетот на нашата држава или врз политичко-безбедносниот контекст во рамките на нашата држава. Значи, ние од актуелните случувања во Србија нема што да не грижи согласно информациите со кои што располагаме во овој момент кои што се споделени примарно со претеседателот на држвата, со претседателот на Владата, со мене како министер за надворешни работи и со колегите – министерот за одбрана и министерот за внатрешни работи, сите безбедносни институции во нашата држава, уверува шефот на дипломатијата.

За релациите со Бугарија и по формирањето на политичка влада и неговата средба со бугарскиот колега Георг Георгиев, дека нема исчекор, Муцунски истакна дека дијалогот останува клучен за надминување на проблемот помеѓу двете страни.

-Ние цениме дека секогаш треба да има дијалог, и ние дијалогот како Влада со сите чинители, не само во соседна Бугарија туку и во ЕУ па и со сите наши партнери ќе го водиме на начин кој што е искрен, транспарнметен и кој пред се ги става нашите национални интереси. Апсолутно е точно дека ние рековме дека очекуваме со формирањето на политичка влада да има зголемена динамика на комуникација по однос на ова прашање, но и по одниос на се што нас не засега како соседи. Јас иницирав средба со мојот колега министер за надворешни работи, во последните денови министерот за транспорт иницира средба со неговиот колега, министерот за внатрешни работи исто така. Очекувам веројатно во следните месец и половина да бидам и јас во Софија на еден меѓународен настан каде доколку е во Софија ќе побарам да се видам со мојот колега за навдорешни работи, најави Муцунски.

Факт е, додаде тој, дека бугарската страна вели дека уставните измени не се единствената билатерална пречка насочена кон наше завршување на преговорите со ЕУ и тоа е тековен проблем кој што го имаме и мораме да го надминеме. Таков став за нас е неприфатлив како држава бидејќи сме рекле дека е доста да правиме национални и идентитетски отстапки кон полноправното членство во ЕУ.

-Ние активно ќе продолжиме да ја убедуваме примарно и Бугарија, дека нејзин интерес од секоја можна гледна точка политичко – безбедносен, економско – трговски.. е ние да одиме напред кон полноправно членство во ЕУ, а ќе продолжиме и со дијалог кој што постои со клучните чинители во ЕУ – и кај земјите членки и европските институции, со САД како наш стратешки партнер да работиме кон изнаоѓање на компромисно решение кое нас како држава ќе ни даде предвидлив пат. Нема да водиме попустлива надворешна политика, ќе водиме надворешна политика која значи извесност за тоа што е наша стратешка цел – а тоа е полноправното членство во ЕУ, рече министерот Муцунски.

Тој кажа дека и покрај сите критики за гласањето на Владата во ОН, се покажа оти земјава правилно одбрала кога застанала зад резолуцијата на САД насочена кон изнаоѓање на мир во Украина. По однос на прашањето дали ќе има или нема мировници во Украина за што, вели, веројатно во следните неколку месеци ќе има решение, ќе се почека да се види какво ќе биде тоа решение, но нагласи, во моментов земјата не би можела со свои армиски сили да учествува во мисија која би била на украинска територија.

-Како Влада ќе предолжиме да бидеме активен чинител, јасно да ги афирмираме нашите ставови и позиции, ќе работиме и со ЕУ и со САД, но истовремено пред да носиме било каква одлука мораме да видиме какви ќе бидат решенијата по однос на потенцијалното присуство на мировници во Украина. Партнерите кои учествуваат во дискусиите вклучително и ние, не знаеме каков ќе биде контекстот на таква една мировна мисија. Дали ќе биде нешто слично на Мисијата на АЛТЕА во БиХ која ја води ЕУ, но има поддршка од Оперативната команда на НАТО. Дали ќе биде мисија под покровителство на ОН. Тоа се се прашања кои во моментов не се разрешени и затоа велиме дека по консултацијата што ја имаме одржано ние како држава во овој момент не сме подготвени да посветиме сили од нашите безбедносни служби, односно армиски сили во мисија која би била на територијата на Украина, потенцира министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најнова прогноза- еве какво ќе биде времето од понеделник до петок

Следно

Обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ по денешните масовни протести

Latest from Blog

МЗ со најнови информации: Над 140 пациенти згрижени, меѓународна поддршка за повредените

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи

Меџити положи цвеќе на плоштадот Скендербег во чест на изгубените животи: Ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други

На плоштадот „Скендербег“, вечерва беше положено цвеќе во чест на изгубените животи во трагедијата во Кочани. -Заедно ја споделуваме болката и се солидаризираме едни со други. Вечерва зборуваме на различни јазици, но

Мицкоски: Ќе одговара секој инволвиран во овој трагичен настан

СКОПЈЕ (АА) – Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, по трагичниот настан во дискотека во Кочани, каде што во пожар животот го загубија најмалку 59 лица, одржа прес-конференција на која соопшти дека
Go toTop