Вицепремиерот Иван Стоиљковиќ: „Напумпамо ве на избори! Да не сакате и неко дуго пумпање?“

March 15, 2025
1 min read

Иван Стоиљковиќ, Заменик претседател на Владата на Северна Македонија и министер за односи меѓу заедниците и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија, во објава на социјалните мрежи напиша:

„Напумпамо ве на избори! Да не сакате и неко дуго пумпање? Затвори чекав…“, како реакција на претходен пост на организацискиот секретар на СДСМ Мартин Костовски, кој на Фејсбук изрази поддршка за студентите и за граѓаните на Србија во врска со денешниот голем протест во Белград.

СДСМ најостро ги осуди шокантните навреди од вицепремиерот на Мицкоски, Иван Стоилковиќ кон организациоскиот секретар на СДСМ, Мартин Костовоски на Фејсбук. 

Во реакцијата на СДСМ се наведува:

Пораката кон Мартин Костовоски од страна на Стоилковиќ и прашање дали сакал да го „напумпа“, е скандал и демонстрација на врвен простотилук од страна на високиот владин функционер. 

Ова ниско ниво на комуникација и закани на вицепремиерот е доказ за безобразието и злобата на претствниците на власта која се демонстрира кон опозцијата. СДСМ бара итно оставка од Стоилковиќ по овој скандал, доколку самиот не се повлече Мицкоски мора веднаш да го разреши. 

Го прашуваме Мицкоски дали тој се согласува со ваквата изјава на Стоилковиќ и дали ја оправдува? Дали ова е новото нормално во комуникацијата на владините функционери и дали овие закани и навреди стануваат секојдневна пракса? 

Срамно, ниско и недозволиво. СДСМ му дава целосна поддршка на Костовски, за оваа навреда и закана ќе поднесеме претставки до институциите.

Инаку, објавата на Стоиљковиќ е поврзана со големиот протест кој денеска се одржува во Белград во организација на „Студенти во блокада“.

Рацин.мк го замоли Иван Стоиљковиќ да ни ја протолкува оваа негова изјава на Фејсбук?

Го прашавме што значи тоа „Да не сакате и неко дуго пумпање и да појасни дали мисли на „дуго“ или на „друго“ пумпање за да не препознае јавноста дека неговата објава е навредлива и безобразна.

И на крајот го прашавме каков е неговиот став за настаните во Србија и дали тој став го споделил со членовите на македонската влада и каков е нивниот став за неговиот став?

До објавувањето на овој текст нема одговори од господинот Стоиљковиќ, но штом ќе ги добиеме веднаш ќе ги објавиме.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: СДС падна на 22.000 членови- ниту сопствените луѓе не го сакаат Филипче

Следно

Саем за образование „Студентарија“ – над 12 универзитети и 90 факултети претставени на младите

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop