Со усвоените законски измени ќе се забранат нелегалните онлјан приредувачи на среќа

March 15, 2025
1 min read

Измените на Законот за електронски комуникации поминаа изминатата недела, потребни се седум дена да стапат на сила и да се објават во Службен весник, а веднаш потоа, Министерството за дигитална трансформација е подготвено да ја донесе методологијата со којашто ќе се забранат нелегалните онлјан приредувачи на среќа, најави денеска од Штип, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски кој денеска присуствуваше на отварање на Центарот за за услуги „Една точка за услуги“. Стефановски појасни дека  постапката ќе биде по анализа на Државната лотарија, кои се оние нелегални приредувачи на игри на среќа и на министерството испраќаат нотификација, со табела на точна веб страница, којашто треба да се забрани.

-Ние, таа ја ажурираме, ја испраќаме како налог за забрана до Агенцијата за електронски комуникации, којашто ја забранува преку телеком операторите. Што значи дека од испраќањето имаат рок од три до пет дена да постапи Агенцијата за електронски комуникации и телекомите и тие веб страници ќе бидат забранети, какошто кажав и при носењето на законот оваа трка ќе биде постојана нема само еднаш да го правиме тоа, од прилика мислам дека темпото ќе биде две до три недели на почеток, што значи на две-три недели Државна лотарија ќе не известува за нови веб страници, коишто се појавувале, а ние со налог ќе ги забрануваме, се до финално завршување на процесот и да ги одвратиме граѓаните да се учесници во нелегално приредување на игри на среќа онлајн, изјави Андоновски.

Министерот за дигитална трансформација, Андоновски смета  дека на тој начин ќе ги заштитат граѓаните од злоупотреба на нивните лични податоци, картички, сметки во банките, но какошто рече  „и ќе го заштитиме буџетот од излевање на средства, коишто би требало да се слеат, како даночна обврска кон буџетот на Македонија“.

Пред да се донесат законските измени за електронски комуникации, во кои е опфатено нелегалното електронско коцкање, направени се анализи. Според министерството за дигитална трансформација во тој период биле детектирани 160 веб страници на коишто нелегално се приредувале игри на среќа.

-Што значи во првиот бран ќе бидат повеќе од 160, но мислам дека и во секој нареден бран, како ќе забележува Државната лотарија и други заинтересирани странки забележуваат дека постојат нелегални приредувачи на игри на среќа онлајн во Македонија, тие можат да не информираат и ние веднаш ќе постапуваме, изјави Андоновски.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Даваме силна подршка за Студеничани, преку Министерството за транспoрт ги подобруваме патиштата во општината

Следно

Мицкоски: Ја следиме состојбата во Србија, не очекувам такви прелевања кај нас

Latest from Blog

Проданоски: Карпалак останува вечен симбол на храброста и жртвата за Македонија

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, по повод одбележувањето на 25-годишнината од трагичниот настан кај Карпалак, порача дека жртвата на десеттемина прилепски бранители останува вечен потсетник за цената на слободата, мирот и достоинството

ВЛЕН до Обвинителството: Каде заглави случајот „Лотарија“ со Артан Груби?

Партијата ВЛЕН преку објава побара од Јавното обвинителство да соопшти до каде е постапката во случајот „Лотарија“, во кој е опфатен поранешниот вицепремиер Артан Груби, поставувајќи прашање зошто сè уште нема обвинение.

Македонската берза со неделен промет од 101 милион денари, најтргувана Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 04.08.2026 до 07.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 101.005.840,66 денари, од кои

Интер Мајами откри каква би можела да биде идната улога на Меси во клубот

Фото: Интер Мајами/Твитер Претседателот за деловни операции на Интер Мајами, Хавиер Асенси, ја откри идната улога што напаѓачот Лионел Меси би можел да ја преземе по пензионирањето. „Ќе дојде време кога Меси

ФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН – Тројца загинаа, меѓу нив и дете

Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот,
Go toTop