ВМРО ДПМНЕ гласаше за покачување на пензиите кои се исплаќаат само во Македонија

March 15, 2025
1 min read

На денешната седма седница на Комисија за социјална политика, демографија и млади членовите го разгледаа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, по скратена постапка.

Во ова законско решение со членот 1 се врши усогласување на пензијата на корисници на пензија на кои
пензијата им се исплаќа во Република Северна Македонија; Со членот 2 се уредува еден од условите за именување на директорот, односно заменик директорот на Фондот, кој се однесува на поседување на уверение, сертификат и/или потврда со кои се докажува познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија; Со членот 3 се врши зголемување на пензијата согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка
(„Службен весник на Република Северна Македонија“ број 194/24), се предлага да се врши на корисници на пензија на кои пензијата им се исплаќа во Република Северна Македонија.

За ваквото решение на владејачкото мнозинство предводено од ВМРО ДПМНЕ, реагираше опозициската СДСМ. Тие во партиското соопштение напишаа:

„Пратениците на ДПМНЕ не го ни прочитале законот кои денес неделовнички го поминаа.
Покачувањето на пензиите не е во овој закон. Покачувањето на пензиите го изгласавме во септември, минатата година. Со денешниот закон ДПМНЕ насилно и со кршење на Деловник и процедури ги поминаа измените со кои на еден дел од пензионерите нама да им биде зголемена пензијата за 2.500 денари, но и ги намалија критериумите за избор на директор, за да нивниот Мемов од коалициониот партнер ЗНАМ може да остане на таа функција“, реагираат од СДСМ.

Според СДСМ, дополнително, денес ДПМНЕ ‘направи се за да му помогне на Африм Гаши и претседавачката со комисијата да не го стават на седница и да не го изгласаат Законот за бранители. За сите прекршувања пратеничката која претседаваше со комисијата ќе добие кривична пријава. Тоа што пратениците од ЗНАМ и ДПМНЕ го кочат Законот за бранителите нега го објаснуваат на граѓаните. Се што кажаа досега, се излажаа“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриевски за пораката од Вајц: Поупатно да се информира за целиот процес и да ги праша граѓаните

Следно

Светскиот шампион во Мото ГП ќе ја пропушти и трката за ГН на САД

Latest from Blog

„Бед Блу Бојс“ и „Торцида“ се пресметаа на аеродромот во Загреб (ВИДЕО)

Ужасни сцени на ардордомот Фрањо Туџман во Загреб. Масовна тепачка помеѓу навивачите на Динамо Загреб и Хајдук Сплит на паркингот на објектот. Очигледно дека домаќините номинално, навивачите на Динамо, го планирале нападот,

Шпанија воведе гранични контроли за патниците од Италија откако Мелони го отфрли ултиматумот на Мадрид

Контрамерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако италија воведе слични ограничувања по приливот на десетици илјади мигранти од мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера

Уличните кучиња го чинат градот 46 милиони денари, Лајка во рок од 6 месеци добива над 700 пријави за заловување

Речиси 46 милиони денари, односно околу 750 илјади евра, исплатиле градските власти во изминатата година, како оштета на граѓани каснати од бездомни кучиња. Само до 24 јуни годинава, јавното претпријатие Лајка, кое

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на
Go toTop