Муртезани: Се уште сме меѓу најподготвените држави во регионот за пристапување кон ЕУ

March 14, 2025
2 mins read

Ние се уште сме меѓу најподготвените држави во регионот за пристапување кон ЕУ. Моето лично убедување е, а тоа го гледам и од системот со кој цело време работам, како и од моите секојдневни контакти во Брисел, дека ако во скоро време го решиме проблемот со Бугарија, во 2030 година потенцијално би можеле да станеме полноправна членка на ЕУ, рече вечерва министерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Орхан Муртезани.

Муртезани во гостувањето на „Трилинг“ истакна дека процесот на пристапување во ЕУ нема да може да се заврши ако не се нафатиме да направиме сериозни реформи во правосудниот систем. Тој ја сподели бројката која, како што нагласи, сите ја знаат, дека само два отсто од граѓаните имаат доверба во правосудството.

-Тоа значи очајна потреба од ургентни реформи. Сите сигнали кои доаѓаат од Брисел се дека таму се неопходни реформски зафати, но тоа што Брисел сака да го види е одреденото политичко влијание во институциите, конкретно во правосудството, да не се заменува со друго политичко влијание. Сите такви загрижености треба сериозно да ги слушаме и да ги имаме предвид во нашите настојувавња за реформи во правосудството, напомена министерот.

Во врска со македонско-бугарските односи, Муртезани оцени дека најголемата пречка е недостигот на доверба. Земјава, рече, го направи првиот чекор и комуникација има, но треба да се спушти на институционално ниво и да се прошири. За внесувањето, пак, на Бугарите во Преамбулата на Уставот, тој е дециден дека формално правно таков чекор ќе се потегне кога во Собранието ќе има двотретинско мнозинство, но Македонија, потенцира, се залага процесот на проширување да го направи попредвидлив со оглед дека повеќе пати имавме искуство со редовни блокади што, нагласи, не прави многу повниматели. Според Муртезани, се што ќе значи дека процесот на преговори ќе заврши без да биде блокиран, за нас е добредојдено.

На прашањето до кога би можеле да бидат изгласани уставните измени, тој повтори дека Владата е подготвена да го потегне тоа ако добие сигнал дека процесот на преговри нема да биде блокиран.

-Се уште сметам дека со Бугарија имаме безброј теми на кои можеме да соработуваме без притоа да зборуваме за уставните измени. Првиот чекор е воспоставување доверба која ќе создаде фундамент за градење идно решение. Без ваков пристап секој ќе седи на својата позиција и на тој начин ќе оневозможиме изнаоѓање заедничко решение, рече министерот.

Негов став е дека во текот на преговорите може да не блокира и друга членка, но во однос на се што е поврзано со реформите.

-Апсолутно да. Ако не ги спроведеме реформите успешно и да најдеме решение со Бугарија, нашиот процес ќе биде блокиран. Сепак, тоа ќе биде предизвикано од нас, а сите блокади досега не биле предизвикани од нас. Тоа што во Брисел е како преамбула „стриктно да, но коректно“ сме подготвени да го трераме и се што е поврзано со зајакнување на здравјето на демократијата, правната држава, економијата сме подготвени да го изодиме, но не и блокади кои не се предизвикани од нас и уште помалку, кои не се поврзани со процесот на преговори, подвлече Муртезани.

Во врска со „трампизмот“ и новата американска политика, Муртезани е дециден дека продлабочувањето на билатералните односи со САД не се косат со стратешките приоритети на нашата држава.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Условите на Путин „јасно покажуваат дека тој не сака мир“

Следно

Полицијата најмногу „прислушкувала“, ОТА овозможи следење на 340 комуникации врз основа на примени судски наредби

Latest from Blog

„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија

Најновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој. Додека вкупното индустриско производство во јуни

Претседателот на Баерн со критика другите тимови од Бундеслигата

ФОТО: FC Bayern Munich/fb Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер, ги критикуваше клубовите од Бундеслигата дека не прават доволно за да ја промовираат лигата во странство преку странски турнеи. 72-годишникот зборуваше на

НА ПОВИДОК Е ДОГОВОР ЗА ОРМУНСКИОТ ТЕСНЕЦ – Американски функционер : Се отвара клучниот воден пат и се обновува извозот на нафта

На повидок е договор за Ормунскиот Теснец, кој наскоро би можел да овозможи повторно отворање на овој клучен воден пат и да го обнови извозот на нафта, прекинат за време на петмесечната

Aктивни се два пожари, четири се изгаснати

Центарот за управување со кризи извести дека денеска до 13 часот, регистрирани се вкупно шест пожари на отворен простор, од кои активни се два, а четири пожари се изгаснати. Активни: Општина Арачиново:

Божиновска: Создаваме решенија за енергетска сигурност што ќе траат со децении (ВИДЕО)

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека одлуките во енергетскиот сектор мора да се носат врз основа на факти, темелни анализи и стручно знаење. „Во енергетиката, секоја одлука
Go toTop