Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

September 25, 2026
1 min read

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Според Николоски, линијата Дубаи–Скопје веќе е договорена, а летовите ќе ги реализира авиокомпанијата „Флајдубаи“. Новото воздушно поврзување треба да започне со новата сезона на летање, односно од март следната година.

Николоски информацијата ја соопшти во Собранието, по средбата со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати. Тој оцени дека директната линија ќе придонесе за поголема туристичка и деловна размена меѓу двете земји, особено во периодот надвор од главната летна сезона.

Паралелно, во тек се разговори за воспоставување директен лет меѓу Охрид и еден од аеродромите во ОАЕ. Како можни опции се споменуваат Абу Даби и Шарџа, но оваа линија сè уште не е конечна и останува предмет на преговори.

„Тоа е веќе договорено и ‘Флајдубаи’ ќе почне во март 2027 година да лета директно од Дубаи до Скопје“, изјави Николоски, додавајќи дека очекувањето е новото поврзување да придонесе за развој на туризмот.

Според министерот, договорот за воздушното поврзување е дел од пошироката соработка меѓу Македонија и ОАЕ, која опфаќа туризам, деловна размена и потенцијални инвестиции.

Николоски потсети и дека меѓу двете земји е воспоставен безвизен режим, кој според него дополнително ги олеснува патувањата и контактите меѓу граѓаните и компаниите.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

Следно

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop