МОН со реакција на СДСМ: Веќе 8 месеци не трошиме пари на лични хирови како што тоа се случувало во минатото

March 14, 2025
1 min read

Од Министерството за образование и наука испратија реакција по повод соопштението на СДСМ.

Од таму велат дека веќе 8 месеци Министерството за образование и наука не троши пари на лични хирови како што тоа се случувало во минатото, туку фокусот се навистина учениците, наставниците, студентите и професорите и градењето на поквалитетен образовен систем.

„Се работи чесно и посветено, и освен што се враќаат долговите на претходното раководство кои изнесуваат 5 милијарди денари, за оваа година обезбеден е и рекорден буџет од 38 милијарди денари за подобро образование и за развој на научната дејност во Македонија.

Залудни се обидите на политичката партија СДСМ да припишува некакви гревови на актуелното раководство на МОН. Јавните набавки се спроведуваат транспарентно, економично и ефикасно и без нарушување на начелата на конкурентноста меѓу економските оператори.   

Компанијата Пуцко Петрол е ангажирана при постапка за јавна набавка во која е единствен пријавен економски оператор. Склучен е договор за сукцесивна испорака на гориво согласно потребите на МОН. Договорот е со важност од една година и досега, во овие 2,5 месеци искористено е гориво во износ од 57 илјади денари, за 8 возила со кои, вработените во министерството и просветни инспектори ја извршуваат својата теренска работа.

Ете, толку се реалните потреби од гориво на институцијата, споредбено со изминатите години. Нема користење возила и картички за лични и партиски потреби. Така што, неспоредливи се овие 57 илјади денари со 10те милијарди кои пратеници – бизнисмени од сега опозициските партии нашле шема да ги испумпаат од државниот буџет во време на нивното владеење. Тие треба да се срамат од своите постапки и секако да одговараат заради труењето на целата македонска јавност“, велат од МОН.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СО ЕМИСИЈАТА „ДОМАШНА РАБОТА“ КУЛТНОТО РАДИО КАНАЛ 103 СЕ ВРАЌА ВО ЕТЕРОТ

Следно

МОН: Повеќе нема злоупотреба на средства за лични хирови како во изминатите 7 години

Latest from Blog

САД ги повикаа своите државјани да го напуштат Иран

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека американските државјани во Иран се соочуваат со „висок ризик од незаконско притворање, долготраен притвор, измачување и во некои случаи и смртна казна“. Исто така,

Јаневска: Изработивме нова законска регулатива за поквалитетно високо образование и развој на науката

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование и наука подготви нова законска регулатива за високо образование и наука, од

Луксузен хотел во Кран-Монтана затворен поради пропусти во противпожарната заштита

Швајцарските власти донесоа одлука да затворат луксузен хотел со пет ѕвезди во ски-центарот Кран-Монтана, откако биле утврдени сериозни проблеми со противпожарната безбедност. Одлуката следува само неколку недели по трагичниот пожар во бар

„Илинден“-Тирана 17 години глас на Македонците во Република Албанија

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат 17 години од неговото постоење и работа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана,
Go toTop