Третиот Меѓународен конгрес за приказ на случаи – еден од најголемите мултидисциплинарни медицински настани во Македонија

March 14, 2025
1 min read

Во Скопје од 4-7 април 2025 се организира Меѓународниот конгрес за приказ на случаи, кој во краток временски период прерасна во еден од најголемите мултидисциплинарни и интернационални медицински конгреси во Македонија.

Оваа година, еден месец пред почетокот, бројиме над 700 учесници со повеќе од 260 пријавени случаи! Овој импресивен раст го докажува значењето на конгресот како платформа за размена на знаења и искуства меѓу медицинските професионалци од различни дисциплини и земји.

Првиот конгрес во 2022 година започна со 100 учесници, а само еден од нив беше интернационален. Веќе следната година, бројот на учесници порасна на над 300, од кои околу 20 беа од странство. Денес, со гордост можеме да кажеме дека над 100 меѓународни учесници ќе бидат дел од конгресот, доаѓајќи од Турција, САД, Малта, Србија, Хрватска, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, Словенија, Босна и Херцеговина и Грција.

Конгресот традиционално се одржува во склоп на Меѓународниот ден на здравјето – 7 април, кога Македонското лекарско друштво со години го одбележува овој значаен ден преку доделување награди на лекари за посебен придонес во сферата на медицината.

Претседателот на Македонското лекарско друштво и претседател на Научниот одбор, проф. д-р Горан Димитров, е пријатно изненаден од големиот одѕив и интересот за овој конгрес, што уште еднаш покажува дека науката, едукацијата и интердисциплинарната соработка се во фокусот на македонската и меѓународната медицинска заедница.

Претседателот на Организациониот одбор, д-р Онур Дика, нагласува дека конгресот ќе биде одличен период за меѓусебно дружење и размена на научни искуства, со што истовремено ќе се овозможи одлична промоција на нашата држава на меѓународната медицинска сцена.

Организацијата на ваков конгрес претставува голема чест за Македонското лекарско друштво, кое вложува континуирани напори за унапредување на медицинската наука во Македонија и пошироко. Ова не е само научен собир, туку и можност за младите лекари, специјалистите и истражувачите да презентираат реални случаи, да разменуваат идеи и да градат меѓународни соработки.

Со ваков тренд на раст, иднината на конгресот изгледа светла, а ако продолжиме со ова темпо – во блиска иднина можеби ќе ни треба уште поголем простор за да ги собере сите заинтересирани!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава

Следно

Силен дожд предизвика поплави и прелевања во Италија

Latest from Blog

Откритие во Перу: Цртежи на храм-пирамида ја раскажуваат приказната за егзодусот на најстарата американска цивилизација

 Имено, како што објави „Гардијан“ (Guardian), тимот предводен од познатата перуанска истражувачка Рут Шејди тврдат дека пред околу 4.200 години, остра суша го принудила населението да ја напушти древната град-држава Карал. Цивилизацијата

Бејби Фуд Фактори ја започнува платформата „Здрава исхрана од мали нозе“

Сеопфатна иницијатива за општествена одговорност посветена на превенција на детската дебелина Скопје, 6 ноември 2025 – Бејби Фуд Фактори, членка на групацијата Нелт и производител на брендот Нутрино, како водечка компанија во

Протест пред албанскиот Парламент против предлог-законот за родова еднаквост

Протестот е во организација на Албанската коалиција за семејство и живот, а учесниците носеа транспаренти на кои пишуваше, „Пратеници, не гласајте против децата“, „Предлог-закон за родова еднаквост, антисемеен“, „Држете ги рацете подалеку
Go toTop