Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки

March 14, 2025
1 min read

Претходниот месец евидентирани се 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен денеска.

– Во текот на февруари 2025 година, во Република Северна Македонија, пријавени сe вкупно 746 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 40,6 на 100.000 жители. Во текот на месец февруари се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за 11,3 отсто во однос на претходниот месец јануари 2025, потенцираат од ИЈЗ.

Најголем број акутни заразни заболувања на ниво на ЦЈЗ е пријавен на територија на ЦЈЗ – Скопје, а најмал број е пријавен во ЦЈЗ – Охрид.

Во текот на февруари, најчесто регистрирано акутно заразно заболување биле овчите сипаници со вкупно 366 пријавени лица. Споредено со претходниот месец, јануари, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 32,6 отсто, додека во однос на месец февруари 2024, се регистрира намалување за 44,6 проценти.

Евидентирани биле 22 случаи на инфективна мононуклеоза, 13 случаи на скарлатина, четири случаи на голема кашлица и еден случај на легионерска болест. Пријавени биле 18 случаи на салмонелози, осум случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и по еден случај на кампилобактериоза, џардијаза и шигелоза. Имало 68 случаи на шуга и еден случај на бактериски менингит. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции, без ХИВ/СИДА, биле регистрирани седум заболени лица – пријавени се четири случаи на вирусен хепатитис Б и три случаи на инфекција со хламидија.

Во февруари пријавени биле два случаи потврдени на ХИВ и еден случај на СИДА, сите од машки пол, кои припаѓаат на возрасната група од 20 до 49 години.

– Регистриран е еден смртен случај од СИДА, пријавен во 2024 година, додаваат од ИЈЗ.

Од пријавените три случаи на заразни заушки, два припаѓаат во возрасната група од 10 до 14 години, а еден е возрасно лице над 50-годишна возраст. Два од трите случаи се од Скопје, еден е од Куманово.

– Еден од случаите е комплетно вакциниран согласно Календарот за имунизација, а другите два случаи се со непознат вакцинален статус. Трите случаи се клинички потврдени, истакнуваат од ИЈЗ.

Во државава во текот на месец февруари, пријавени биле вкупно седум случаи на Ковид-19, покажуваат податоците на Институтот.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Стојаноски: Благодарение на СДС и ДУИ, Пуцко петрол успевал за една година да го зголеми приходот за 40% – СДСМ: ДПМНЕ да ја праша Јаневска колку го појача со тендерите од Министерство?

Следно

Костовски: Отворен новиот спортско-рекреативен центар „Радишани“ во дворот на ООУ „Ацо Шопов“

Latest from Blog

Министерот Ристовски: „41 спортски проект во 22 општини – современа инфраструктура за сите“

Министерството за спорт ја заокружува годината со значајни резултати во делот на спортската инфраструктура Реализацијата на капиталните проекти и вложувања во изградба, обнова и реконструкција на спортските објекти се еден од главните

„Секој граѓанин е важен“ – Тоневски на стартот на мандатот во Пробиштип

Со голема чест и одговорност, Тони Тоневски ја презеде функцијата градоначалник на Општина Пробиштип, нагласувајќи дека оваа позиција не е привилегија, туку обврска која се носи со посветеност и почит кон сите

ИМА БЛОКАДИ НО, ИМА И ИНВЕСТИЦИИ ПРОТИВ БЛОКАДИТЕ: Кинези во Србија ќе градат фабрика на 100 хектари

Кинескиот текстилен гигант„Гуан Нан“ најави изградба на фабрика во Србија. Инвестицијата ја потврди и потпретседателката на српската влада и министер за економија Адријана Месаровиќ за време на посетата на Изложбениот центар за

Околку 700 полицајци беа ангажирани, шестмина лица се уапсени пред мечот Астон Вила и Макаби

Шест лица беа уапсени во близина на Вила Парк во Бирмингем за време на неколку про-израелски и про-палестински протести. Протестите се одржаа пред натпреварот од четвртото коло на Лигата на Европа помеѓу
Go toTop