Брдаровска: Локалните младински совети повторно заживуваат, Владата ги поддржува младите

March 14, 2025
1 min read

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на млади сили“ гостуваше претседателката на Локалниот младински совет на Битола, Викторија Брдаровска, која дискутираше за активирањето на младите, политиките коишто се случуваат и нивна реализација и вклученост во донесувањето на истите.

На самиот почеток Брдаровска ја објасни организацијата, составот и функционирањето на Локалниот младински совет и истакна дека со претходната влада младинските совети биле нефункционални, не се барале доволно средства и немало политичка волја за активирање на истите.

„ЛМС има изгласано своја програма, во чија програма имаме осум приоритетни активности, што се однесува до составот, бројот на членови изнесува не повеќе од една третина од вкупниот број на советници од една општина и тој мора да биде непарен, конкретно за нашата општина имаме 9 членови, имаме свој деловник на работа, седниците треба да ги одржуваме еден месечно. Ние и новите младински совети коишто се формирани, едноставно да речеме мрдаме од мртва точка, бидејќи до сега биле нефункционални, не се барале ни доволно средства едноставно постоела некаква пасивност од младите а и од претходната влада немало некаква политичка волја тоа да се спроведе“, рече Брдаровска.

Брдаровска истакна дека има издадено сопствена книга и ги поздрави мерките на Владата за млади претприемачи.

„Издадов своја книга и како најголем предизвик е излегувањето од комфорната зона, животот на еден млад човек е и неформалното образование, одењето на обуки, вложувањето во себе, храброста е првиот чекор којашто ќе нè однесе до успехот. Со новите мерки на Владата, претприемништвото односно оние млади претприемачи коишто сакаат да бидат и сакаат да основаат сопствен бизнис им се нуди можност од 1.000 до 30.000 евра за да отпочнат свој бизнис. И сакам да нагласам дека оваа мерка е за поздравување бидејќи едноставно желбата и почетокот за да се креира еден нов бизнис, зависат сепак нели и од финансиите“, објасни Брдаровска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американската амбасада во Белград издаде безбедносно предупредување во врска со утрешниот протест

Следно

Трактори паркирани во ценарот на Белград

Latest from Blog

Меџити: Да ја зајакнеме врската со САД и влијанието на албанската дијаспора

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на политичката партија ВЛЕН, Изет Меџити, присуствуваше на Гала-вечерта на Советот за албанско-американски односи во Њујорк, посветена на зајакнувањето на врските меѓу албанската заедница и САД.

Видео-фото: Трамп и Си Џинпинг испратија пораки за подобрување на односите меѓу САД и Кина

Двајцата лидери разговарале за трговијата, технологијата, вештачката интелигенција и стратешкото ривалство меѓу двете најголеми светски економии. Трамп на свечената вечера во Белата куќа оцени дека, и покрај различните политички системи, врските меѓу

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,
Go toTop