„Судскиот совет не е приватен дуќан на кадрите на Заев и Груби, разрешените членови мора да заминат“ – порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ

March 14, 2025
1 min read

ВМРО-ДПМНЕ најостро реагира на обидите на разрешените членови на Судскиот совет да ја узурпираат институцијата, спротивно на волјата на Собранието и јавноста. Ова не е само правен проблем – ова е директен судир помеѓу граѓаните кои бараат правда и малата група поранешни функционери кои очајнички се обидуваат да го зачуваат своето влијание, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Недовербата што Собранието ја изгласа мора да се почитува. Судскиот совет не смее да биде приватен клуб за заштита на луѓето што ја уништија правдата и институциите во Македонија.  Нема да дозволиме правниот систем да биде блокиран поради политички калкулации. Разрешените членови мора веднаш да се повлечат и да ја почитуваат одлуката на највисокото законодавно тело во државата.  Владеењето на правото мора да биде водечка сила во општеството! Досегашната практика на партиско контролирање на судството од страна на поранешната власт мора да заврши, а судските институции конечно да работат во интерес на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

„Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно Уставот и законите! Судскиот совет мора да биде независен, кредибилен и ослободен од политички влијанија. Ова е момент кога треба да покажеме дека правдата е возможна и дека институциите ќе работат во служба на народот. ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на реформите во правниот систем и на обезбедување вистинска правда за сите граѓани“.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Одговорноста за високите сметки за струја е кај Владата на Мицкоски

Следно

Авион на „Американ ерлајнс“ се запали по слетувањето на аеродромот во Денвер

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop