Расцеп широк 200 метри „преполови“ маслинов насад по разорните земјотреси во Туркије

February 25, 2023
1 min read

ХАТАЈ (АА)

– Фатих ЧАПКИН / Серген СЕЗГИН

На земјиштето што стана речиси непрепознатливо по разорните земјотреси што го потресоа Хатај на југот од Туркије, создаден е огромен расцеп што привлекува големо внимание, известува Анадолу.

Расцепот што настана во маслиновиот насад во руралниот дел на Тепехан по земјотресот, на некој начин стана еден од највпечатливите симболи што ја покажуваат сета сила на разорните земјотреси кои се именуваат како „катастрофа на столетието“.

Разорните земјотреси во маслиновиот насад на Омер Аксу, со големина од 12 декари (12.000 квадратни метри), формираа расцеп широк 200 метри, долг 400 метри и длабок 50 метри.

Ова подрачје по земјотресот го посетуваат домашни и странски научници, како и бројни љубопитни луѓе, сакајќи да се уверат во оваа необична појава.

– Некогаш тоа беше рамница

Онер Аксу, сопственик на маслиновиот насад, за Анадолу изјави дека неговото земјиште пред земјотресот имало рамна структура на тлото.

Тој истакна дека поради јачината на земјотресот, земјиштето станало речиси непрепознатливо.

„Ова не е можно. Знам како изгледаше ова место. Не можев ниту да претпоставам дека вака ќе изгледа. Иако ова е мој имот, не можев да го препознаам местото. Ова беше рамно тло. Кога видов што се случило, не можев да поверувам. Со зборови не може да се опише што се случило тука“, рече Аксу.

Тој истакна дека сѐ уште е во шок кога ќе го погледне расцепот што настана во маслиновиот насад по земјотресот.

– Длабоко потресен од разорувањата

Аксу рече дека е длабоко потресен поради човечките жртви и разорувањата што ги предизвика земјотресот.

„Многумина останаа без кров над главата. И ние живееме во шатори. Сега го чувствувам и секој мал потрес. Неколкупати бев во обиколка на земјиштето каде што настана расцепот“, рече Аксу.

Тој напомена дека подрачјето привлекува сѐ повеќе посетители и љубопитни луѓе кои сакаат да го видат феноменот.

„Доаѓаат домашни и странски научници да вршат испитувања“, рече Аксу на крајот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ањели: Доминацијата на англиските екипи го загрозува европскиот фудбал

Следно

Шведската разузнавачка служба: Терористичката група ПКК/ЈПГ се финансира во Шведска

Latest from Blog

85- годишен ветеран мора на Кети Пери да ѝ исплати 1,8 милиони долари поради спор околу куќа

Пери и нејзиниот поранешен вереник Орландо Блум купија луксузен имот во 2020 година, но вселувањето беше одложено со години поради тужба, пишува People. Правна битка за вила од 15 милиони долари 41-годишната

Трагедија во Хонг Конг: Бројот на жртви се искачи на 83, полицијата открива можна причина за пожарот

Најмалку 83 лица загинаа, а повеќе од 250 се водат како исчезнати по катастрофалниот пожар што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт во населбата Таи По во Хонг Конг. Пожарникарите сè

Божиновска: Нови стратешки проекти за енергетска стабилност во 2026

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, истакна дека енергетските реформи во земјата напредуваат стабилно и со јасни чекори, поддржани од меѓународни партнери. „Со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги

Николоски: Работиме на нов царински систем со Србија и Албанија што ќе овозможи електронско препознавање на камионите на граница без застанување

На седница на Влада во вторникот се определени дополнителни средства од 1.450.000 евра, што ќе се додадат на веќе определените 3,8 милиони евра од Светската банка за новиот царински систем „new single
Go toTop