Ањели: Доминацијата на англиските екипи го загрозува европскиот фудбал

February 25, 2023
1 min read

Доскорешниот претседател Андреа Ањели проговори за доминацијата на премиерлигашите во европскиот фудбал.

– Доколку Суперлигата ја види светлината на денот, клубовите ќе останат во нивните национални лиги. Секако, на Ајакс, Феенорд и ПСВ им треба Ередивизија, и обратно. Неопходно е да се пласираме во Суперлигата преку националната лига. Силни и рамноправни национални првенства се во интерес на сите.

Во Европа, трендот е дека домашните лиги стануваат се помалку популарни според сегашниот систем. Нема емоции, шампионите се исти. Која е вредноста на францускиот шампионат со ПСЖ како вечен шампион? Италијанската, дури и германската и шпанската лига се во пад.

Само Премиер лигата расте и заработува околу четири милијарди евра годишно, Шпанија – околу половина од оваа сума, Германија – 1,5 милијарди, Холандија – 100 милиони евра. Доминацијата на Англија го загрозува европскиот фудбал.

Во Лигата на шампионите, почнувајќи од четвртфиналето, секогаш има англиски клубови и три или четири тима од други земји, како Реал Мадрид, Барселона, Пари Сен Жермен и Баерн, со ретки исклучоци, како Ајакс во 2019 година.

Оваа предвидливост е смртна казна за секоја лига. Од друга страна, потребно е да се создадат економско-финансиски услови за клубовите за да не ги загубат сите приходи со еден удар по лошата сезона. Премиер лигата за оваа намена користи систем за падобран. Клубовите кои испаднаа од лигата добиваат финансиска компензација во рок од неколку години, изјави поранешниот претседател на Јувентус за „Телеграгф“.

Ањели заедно со првите луѓе на Реал Мадрид и на Барселона беше еден од иницијаторите за формирање фудбалската Суперлига, проект кој не успеа. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Поради урнати згради во земјотресот: Турските власти приведоа 184 луѓе, меѓу нив и градоначалник

Следно

Расцеп широк 200 метри „преполови“ маслинов насад по разорните земјотреси во Туркије

Latest from Blog

ЈКП Комуналец – Прилеп со ноќна акција за чист град

Во пресрет на карневалската манифестација, екипите на ЈКП Комуналец – Прилеп реализираа засилени активности за уредување и чистење на градските улици, со цел Прилеп подготвено да ги пречека гостите. Ноќеска беше извршено

Омерагиќ: Врвни едукатори за напредок на македонското судење

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, порача дека Федерацијата активно вложува во развојот на судиите, со цел нивно позиционирање на највисоките европски натпреварувања. Тој информираше дека во рамки на напредната едукација на судиите

ТОНЕВСКИ: Системско решение за кучињата скитници во Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, оствари конструктивна средба со дел од активистите од здружението „Вита-Максима“, посветена на актуелната состојба со бездомните животни и можностите за унапредување на нивното хумано заловување и
Go toTop