Screenshot

„Пулс“ на тест за правдата – тема на расправа на ТВ24

February 20, 2026
2 mins read

„Како Македонија да ја врати довербата во правосудството по сите сомнежи коишто ги отвори обвинението за најголемата катастрофа во земјава случајот пулс во Кочани во којшто загинаа 63 млади луѓе“, беше увертирата на Душица Мрѓа на синоќешната „24 Анализа“ на ТВ24, каде адвокатката Ружица Николовска и поранешната пратеничка Снежана Калеска-Ванчева ги изнесоа своите ставови за обвинителниот акт за случајот „Пулс“ и текот на судскиот процес.

Поранешната пратеничка Снежана Калеска-Ванчева ја отвори дилемата за обемот на обвинението и степенот на одговорност. „Многу обвинети, а малку виновни. Или виновни тие што не треба да бидат виновни. Во конкретниов случај, јас веќе сум говорела на таа тема, мене ми е предизвик и го следам и се надевам дека ќе бидам побиена и на крајот на процесот ќе имаме пресуда која ќе утврди вистинска одговорност, но да гоните толку луѓе под иста квалификација, како со извршители. Ние имаме случаи кој што знаеме како завршиле кога имаме такви ситуации“, изјави таа.

Продолжувајќи ја мислата, таа изрази стравување дека ваквиот пристап може да доведе до негативен исход. „Жал ми е но мислам дека ќе се претвори во ново „Змиско око“ и трагично за родителите, за луѓето кои ги изгубиле најмилите, но трагично и за државата која не собра сила да одговори на предизвици. Зар не научивме ништо од минатото. Не може да биде степенот на одговорност ист кај секого, не може степенот на одговорност да биде ист кај некој дали од небрежност, од незнаење или било што во 2012 му прошло така или некој кој во конкретниот момент, конкретниот случај, имаме директна причинско-последична врска.“, посочи екс пратеничката Калеска-Ванчева, потенцирајќи дека вакапоставениот обвинителен акт за „Пулс“ може да стане новото „Змиско око“.

Во таа насока, таа се осврна и на скорешната трагедија во Кран Монтана, Швајцарија, правејќи споредба со начинот на гонење. „Таму не отидоја со 40-50 обвинети. Имаше конкретно кривично дело. Јас не велам дека останатите во системот не треба да сносат одреден дел од одговорноста, но мора да ги разграничиме одговорностите. Така ќе имаме брза, ефективна и ефикасна правда“, истакна Калеска-Ванчева.

Адвокатката Ружица Николовска најнапред се осврна на човечката димензија на трагедијата, нагласувајќи дека станува збор за случај што ја погоди целата држава. „Знаете како мене навистина тој процес ми е да кажам искрено и тој случај и тоа што нам ни се случи бидејќи на сите нас ни се случи практично ми е прилично болен сензитивен бидејќи имавме огромен број на жртви на млади деца на млади луѓе и тоа е една ненадоместлива загуба…“, рече таа. Осврнувајќи се на обвинението кое опфаќа период од 2012 до 2025 година, посочи дека тоа ќе биде „еден сериозен предизвик и за институциите и за судот за да се утврди вистината за тој процес“.

Прашањата поврзани со обемот на обвинението, временската рамка и примената на иста правна квалификација за поголем број лица и понатаму остануваат во центарот на јавната дебата. Случајот „Пулс“ се доживува како еден од најсензитивните и најважните тестови за македонското правосудство, при што очекувањата се насочени кон јасно утврдување на индивидуалната одговорност и правна завршница што ќе донесе чувство на правда и правна извесност.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈКП Комуналец – Прилеп со ноќна акција за чист град

Следно

Навивачите на Лил мораа да бегаат од своите фанови после поразот од Црвена Звезда (ВИДЕО)

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop