Азербејџан објави дека е постигнат консензус за сите членови од мировниот договор со Ерменија

March 13, 2025
1 min read

МОСКВА (АА) – Министерот за надворешни работи на Азербејџан, Џејхун Бајрамов, денеска објави дека е постигнат целосен консензус за сите членови од мировниот договор со Ерменија, јавува Анадолу.

Говорејќи на прес-конференцијата во главниот град Баку, Бајрамов изјави дека Ерменија првично одбивала да прифати два члена од договорот, но неодамна се согласила на нив.

„Претходно информиравме дека останаа два неодобрени члена. Сепак, ерменската страна сега нѐ извести дека ги прифаќа предлозите на Азербејџан за овие две прашања“, изјави Бајрамов.

Односите меѓу Баку и Ереван се тензични од 1991 година, кога ерменската војска го окупираше Карабах – територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан – заедно со седум околни региони.

Најголемиот дел од оваа територија беше ослободен од Азербејџан за време на 44-дневната војна во есента 2020 година, што заврши со мировен договор посредуван од Русија, отворајќи го патот за нормализација и преговори за демаркација.

Во септември 2023 година, Азербејџан воспостави целосен суверенитет во Карабах по „антитерористичката операција“, по што сепаратистичките сили во регионот се предадоа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски денеска во „Само Интервју“

Следно

Турска делегација, на чело со министерот Фидан, пристигна во сирискиот главен град Дамаск

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Инфлацијата во август 2,6% – продолжува стабилизирањето на цените

Инфлацијата во август изнесува 2,6 отсто на годишно ниво, што според министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е потврда за стабилизирањето на економските текови и задржувањето на позитивните трендови во економијата. Димитриеска-Кочоска посочува

Коњановски: Битола добива нови градинки, ново училиште и нови спортски сали – иднината се гради денес

Почитувана македонска јавност, драги битолчани, Вашите идеи значат визија за нашата Битола, а промените во нашиот град не останаа празни зборови, туку станаа видливи проекти, дела кои потврдуваат дека Битола се гради како
Go toTop