Милиони испрани преку мазутот – каде се парите?! – Пронајдени 3 милиони, позајмица сам на себе од 1,2 милиони евра?!

March 13, 2025
2 mins read

Колку пари се испрани преку злоупотребите при набавката на мазут за ТЕЦ Неготино со кои штетата на буџетот е над 167 милиони евра. Колкав дел од колачот поделиле сега веќе осомничените тринаесетмина кои ги истражува обвинителството? Ќе се докаже ли како и каде се правеле тајните договори за поделба на колачот- ќе се открие ли трагата на парите од злоупотребите – и каде се парите?!

Сите овие прашања треба да ги одговори големата истрага на обвинителството за милионските тендери за мазутот за ТЕЦ Неготино.

Опфатени се екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство, сопствениците на РКМ чиј основач е Ратко Капушевски и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски. Ратко Капушевски, Адриан Муча и Ерџан Сулкоски се во притвор, а Јахоски за сега е во куќен притвор кој е обжален.

Случајот е отворен по иницијатива на поранешната Антикорупциската комисија уште на крајот на 2023 година. Истрагата на антикорупционерите откри многу сомнежи за злоупотреби.

„Утврдени се состојби кои што укажуваат на сомнежи за трговија по пат на инсајдерски информации на енергетскиот пазар. Исто така утврдени се сомнежи за даночно затајување и ерозијана таканаречен солидарен данок на добивка и утврдени се сомнежи кои укажуваат на монополско и непријателско здружување на пазарот на мазут во државата“, вели Горан Трпеновски.

Но, според информации на ТВ21, сега кај Ерџан Сулковски била пронајдена значителна сума пари – неофицијално 3 милиони евра во куфери. Одземен е и неговиот луксузен автомобил. Оружје, пари, опрема е пронајдена и во куќата и канцелариите на Пуцко Петрол и семејството Јахоски.

Обвинителството откри дел од деталите за истрагата за РКМ, за Капушевски и Јахоски. За да ги “скријат” парите од матните зделки со мазутот за ТЕЦ Неготино , во периодот од декември 2021 година до април 2023 година осомничените ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото. Префрлале и ваделе кеш, извршена е и позајмица “сам на себе” на 1,2 милиони евра.

„Со дел од средствата купиле две моторни возила„Mercedes Benz“, дел ги трансферирале на своите сметки во разни банки, а потоа ги подигале во готовина.Во два наврати биле префрлени средства во вкупен износ од 72.000.000,00 денари за наводно извршени работи. Осомничениот така примените парични средства, свесен за нивното потекло со цел да ја прикрие нивната локација ги трансферирал по основ на ,,позајмица’’ кон своето правно лице“, вели ОЈО ГОКК.

Но какви се злоупотреби  треба да докаже истрагата?!  Начинот на складирање, начинот на испорака и  докази за злоупотреби при набавката на мазутот. Неправилностите во набавките. Како се формирала високата цена на транспорт на мазутот. Полноќните испораки во ТЕЦ Неготино, најчесто во деновите кога цената на мазут се качува од Регулаторната комисија, а се испорачувал дериватот после полноќ по поскапа цена. Како за јавниот повик е добиена банкарската гаранција за РКМ. Квалитетот на мазутот кој се увезувал – дали е канцероген и штетен за животната средина и здравјето на луѓето. Дали цистерните испорачувале само мазут или биле дополнувани со вода. Колку се испорачало, а колку се платило и по какви цени? И најважното – каде завршиле над 167 милиони евра и кој ќе ги врати парите?!

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЕЛС планира да воведе специјални шкафчиња за самостојно подигање на пратки

Следно

Мицкоски денеска во „Само Интервју“

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop