Турција апси новинари за известувања за земјотресот

February 25, 2023
2 mins read

Еден од оние кои се под прогон е независниот новинар Кочер. Тој објавуваше приказни за спасувачите и волонтерите кои дојдоа да помогнат во погодените региони, но објавуваше и стории за преживеани кои велат дека со денови не добиле никаква помош

Ердоган, пак, кога ги посети погодениот региони вети дека ќе ги обнови градовите, но испрати и порака дека кривично ќе одговараат оние што шират „лажни вести“ и „предизвикуваат специјален хаос“. Сега, турските власти го прават прогонот врз основа на контроверзен закон донесен пред неколку месеци со кои се криминализира јавното ширење на дезинформации

Спасувачките екипи извлекуваат жртви и повредени од урната зграда во Дијарбакир/Фото: EPA-EFE/DENIZ TEKIN

Независниот новинар Мир Али Кочер беше на околу 320 километри од епицентарот на разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари годинава. Земајќи ја камерата и микрофонот, тој се упати во погодениот регион за да ги интервјуира преживеаните.

На Твитер Кочер сподели приказни за преживеани и спасувачи, а сега е под истрага на турските власти поради сомнение за ширење „лажни вести“ и се соочува со затворска казна до три години, пишува „Би-би-си“.

Тој е еден од најмалку четворица турски новинари кои ги гонат властиte за известувања или коментари за земјотресот.

Организациите за слобода на медиумите, пак, тврдат дека десетици други биле приведени, малтретирани и спречени да известуваат за земјотресите од кои во Турција и Сирија загинаа најмалку 50 00 луѓе.

Во приказната што ја пренесува „Би-би-си“ за новинарот Кочер, наведува дека тој е Курд и пишува за проопозициски медиуми.

Ноќта на земјотресот, бил на својот балкон во градот Дијарбекир кога неговите две кучина почнале да лаат одеднаш. Истото, се присетува тој, беше и неколку секунди пред помалиот земјотрес што беше регистриран таму во 2020 година.

„Почувствував дека се тресам. Почувствував како се тресе куќата, како се тресе телевизорот“,

вели Кочер.

Се скрил под масата со кучињата, а потоа излегол надвор. Од Дијабекир, град кој беше исто така беше погоден со земјотресот, се упатил кон Газиантеп каде имаше најмалку 3 000 жртви.

Бил шокиран од сцените што ги видел надвор.

„Кога го држев микрофонот, зад или пред камерата, не можев да ги задржам солзите“,

раскажува новинарот кој вели дека бил трогнат и од напливот на волонтери и спасувачки тимови кои доаѓале.

Нивните приказни тој ги сподели на Твитер, но сподели и приказни за преживеани кои се жалат дека со денови не добивале никаква помош. Слични написи можеа да се прочитаат и во проопозициските медиуми.

На критичарите, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган веќе им упати порака. При посетата на погодените региони, Ердоган им рече на луѓето дека ќе им ги обнови градовите, но и предупреди дека оние кои шират „лажни вести“ и „предизвикуваат специјален хаос“ ќе бидат кривично гонети. Ги нарече „провокатори“.

Додека Кочер бил на терен и известувал, „честитка“ од полицијата го пречекала на прагот од неговиот дом. Полицијата во Дијабакир, како што тврди, му оставила белешка дома во која му наложила да ја посети полициската станица и да даде изјава.

Во станица му кажале дека е под истрага според неодамна воведениот закон за дезинформации. Како што тврди новинарот, во распитот бил прашувал за неговото известување и бил обвинет дека ширел лажни информации.

Контроверзниот закон во Турција беше усвоен во октомври лани и со него се криминализира јавното ширење дезинформации и ѝ се даваат на државата широки овластувања да ги контролира сајтовите за вести и социјалните медиуми. Венецијанската комисија, пак, го критикуваше законот бидејќи ќе значи мешање во слободата на изразување.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Приведени двајца скопјани поради тешка кражба

Следно

Поради урнати згради во земјотресот: Турските власти приведоа 184 луѓе, меѓу нив и градоначалник

Latest from Blog

Пленковиќ: Имав многу добар разговор со Трамп

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави премиерот на X. – Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп

НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари

Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата. Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата
Go toTop