МНР: Бугарија повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународни обврски да ја префрли врз нашата држава

March 13, 2025
1 min read

Македонското Министерство за надворешни работи испрати одговор на реакцијата на бугарското министерство за надворешни работи.

Нивниот одговор прочитајте го во продолжение:

Во врска со вчерашната реакција од страна на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија со жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз нашата држава.

Истакнуваме дека почитувањето и спроведувањето на одлуките на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) не се билатерални прашања, туку задолжителна обврска на секоја земја-членка на Советот на Европа. Република Македонија останува целосно посветена на владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи како темелни вредности на европската интеграција, и не може да прифати нивно негирање или релативизирање, вклучително и кога станува збор за правата на припадниците на македонското малцинство во Република Бугарија. Дополнително, сакаме да нагласиме дека Република Македонија максимално е посветена на процесот на европска интеграција, сметајќи дека тој процес не треба да биде злоупотребен со воведување на дополнителни политички услови, кои не се дел од Копенхашките критериуми. Политиката на условувања и неосновани обвинувања е непринципиелна пречка на евроинтегративниот пат на нашата држава и не придонесува за градење добрососедски односи, туку напротив – создава непотребни тензии кои не одговараат на европскиот дух на соработка.

Во оваа прилика силно се залагаме за развивање на пријателските односи меѓу двете држави и за решавање на сите отворени прашања преку рамноправен дијалог, одговорно однесување, заемна почит и разбирање. Во наведената насока очекуваме еднакво конструктивен пристап и од страна на Република Бугарија, заснован на целосно почитување на целите и принципите на Повелбата на ОН и правилата на меѓународното право, затоа што тоа е во интерес на нашите граѓани, во интерес на двете земји и во прилог на зацврстување на регионалниот мир, стабилност, безбедност и заедничката европска перспектива.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претреси во струмичко, пронајдена дрога, приведени дилери

Следно

Русија тврди дека повторно ги зазела градот Суџа и уште две населби во регионот Курск

Latest from Blog

Израелски министер: Единствено решение е иселувањето на Палестинците од Газа

Додека Бен-Гвир тврди дека станува збор за промовирање на доброволно егзодус, претходно објавениот план предвидуваше присилно раселување на милиони Палестинци, пренесува Анадолу. Детали за објавата Во објава на социјалната мрежа X, Бен-Гвир

УЕФА не заборава: Атлетико (М) без Ортиз против Ливерпул поради казна од пред две години!?

Атлетико Мадрид доби неочекуван проблем пред гостувањето кај Ливерпул во Лигата на шампионите. Младиот Арнау Ортиз нема да биде во составот за натпреварот на „Енфилд“, поради суспензија од УЕФА. Ортиз ќе мора

Николоски: Наскоро почнува изградбата на автопатот Букојчани-Кичево

Македонија во моментов реализира пет автопатски делници истовремено, а наскоро се очекува да започне изградбата и на шестиот автопат, Букојчани-Кичево. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека Коридорот 8 досега

Најмалку четворица загинати и 20 повредени во израелски напад на југот на Либан

Израелската армија ја нападна и уништи болницата Гандур во ал-Набатија ал-Фаука, зграда која не била во функција со години. Објавено е дека има и повредени. Градот Набатија беше погоден и од насилен
Go toTop