Верстапен: Болидот на Ред Бул не е најбрз во моментов

March 13, 2025
1 min read

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ги сподели своите очекувања за претстојната сезона во Формула 1.

– Во добра форма сме, но конечните заклучоци ќе ги донесеме после викендот. Тестовите помогнаа да се идентификуваат аспектите кои бараат подобрување. Во споредба со минатогодишниот модел, новиот автомобил е чекор напред, но сепак има области на кои треба да се работи. Патеката во Мелбурн е различна од Бахреин и треба да се прилагоди стилот на возење. Тешко е да се каже како ќе се одвива сезоната. Во моментов нашиот болид не е најбрз, но претстои долго првенство. Да ме прашавте за формата на тимот во Австралија пред една година и на крајот на сезоната, ќе дадов сосема поинакви одговори. Во Формула 1 сè се менува многу брзо. Не размислувам дали оваа сезона ќе биде најтешка. За мене, важно е да се фокусирам на работата – и на патеката и надвор од него, да ги поправам недостатоците на болидот, да ги минимизирам грешките и да освојувам бодови, рече Холанѓанецот на прес-конференцијата на ФИА.

Првата трка од новата сезоната во Формула 1 ќе се вози на 16 март во Мелбрун за Големата награда на Австралија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американскиот министер за трговија Лутник вели дека Канада треба да стане „51. држава“

Следно

Оружје и муниција пронајдени кај 71 годишен жител на Струшко

Latest from Blog

Со новиот договор Луис Енрике ќе зема двојно поголема плата во ПСЖ

Фото: ПСЖ Х Шпанскиот стручњак Луис Енрике неодамна го продолжи договорот со актуелниот француски и европски шампион ПСЖ. Договорот беше продолжен до 2030 година, но за време на официјалното објавување на таа

По заканите од Аргентина и пораките на Трамп, Британија бара повеќе пари за одбрана на Фокландите

Претседателот на одборот за одбрана на британскиот парламент, Тан Деси од Лабуристичката партија, денеска изјави дека заканите од аргентинскиот претседател Хавиер Милеј во врска со Фолкландските Острови ја истакнуваат потребата Велика Британија

ВЛЕН: Растат инвестициите, извозот и индустријата – економијата со раст од 4,3 отсто

Економскиот раст од 4,3 отсто во вториот кварталпретставува позитивен сигнал за македонската економија, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека зад растот стојат зголемените инвестиции, извозот и производството. Според податоците што ги презентира

Проданоски: Со благослов и молитва осветен храмот „Св. Никола“ во Беровци

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на осветувањето на храмот „Св. Никола“ во прилепското село Беровци. На свечениот чин присуствуваа и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, свештенството, голем број
Go toTop