Путин: Задача на Русија е да ја истисне Украина од Курск „во најкраток можен рок“

March 12, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Рускиот претседател Владимир Путин денес ги задолжи руските сили да ја потиснат украинската војска од Курската Област „во најкраток можен рок“, јавува Анадолу.

„Навистина, наша задача во блиска иднина е конечно да го победиме непријателот, кој навлезе на територијата на Курската Област и спроведува воени операции овде, во најкраток можен рок“, рече Путин на состанокот во командниот центар во пограничниот регион.

Изјавите доаѓаат при ненајавената посета на рускиот претседател на пограничниот регион првпат по упадот на Украина што Киев го започна во август.

Упадот започна ноќта меѓу 5 и 6 август, кога украинските сили влегоа во близина на градот Суџа, на приближно 10 километри од границата.

Путин рече дека Москва во иднина треба да размислува за создавање безбедносна зона по должината на својата граница со Украина.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пепељугоски: Министерот за економија нема причина да зборува за Комисијата за заштита на конкуренција, ете го влијанието!

Следно

Македонија поразена од Словенија во квалификациите за ЕП 2026

Latest from Blog

Go toTop