Трамп: Прекинот на огнот во Украина сега зависи од Русија откако Киев го прифати предлогот

March 12, 2025
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека судбината на договорот за прекин на огнот што ќе ја запре војната во Украина на 30 дена сега е во рацете на Русија откако Киев го прифати предлогот, јавува Анадолу.

„Сега зависи од Русија, но, всушност, имавме добри односи со двете страни и ќе видиме. Луѓе одат во Русија токму сега додека зборуваме. И се надеваме дека може да издејствуваме прекин на огнот од Русија. И ако го сториме тоа, мислам дека тоа ќе биде 80 отсто од патот до завршување на ова ужасно крвопролевање“, рече тој во Белата куќа на средбата со ирскиот премиер Мајкл Мартин.

Трамп се закани дека ќе воведе „погубни“ економски казни за Русија доколку претседателот Владимир Путин го отфрли договорот.

„Има работи што може да ги направите што не би биле пријатни во финансиска смисла. Можам да правам работи што финансиски би биле многу лоши за Русија. Не сакам да го правам тоа бидејќи сакам да постигнам мир“, рече тој. „Се приближуваме до тоа да направиме нешто.“

Украина вчера прифати 30-дневно примирје што Трамп го нарече „целосен прекин на огнот“, по преговорите со американската делегација предводена од државниот секретар Марко Рубио и советникот за национална безбедност Мајк Валц во Саудиска Арабија.

Во заедничкото соопштение објавено по состанокот се испуштени „безбедносните гаранции“, обврската на САД да настапат доколку Русија го прекрши примирјето, но украинскиот претседател Владимир Зеленски во синоќешната видеопорака рече дека за нив се разговарало за време на состанокот.

Зеленски истакна дека САД и Украина подетално ќе разговараат за безбедносните гаранции доколку се имплементира прекин на огнот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Митева: Граѓаните допрва ќе ги видат резултатите од релациите кои ги гради Владата на меѓународен план

Следно

Словенија подобра од Македонија во третото коло од квалификациите за ЕП 2026

Latest from Blog

ВИТКОФ И КУШНЕР МУ ПРЕДАДОА НА ПУТИН документ за крај на конфликтот во Украина – Трвди КРЕМЉ

Специјалните пратеници на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, за време на разговорот со претседателот на Русија, Владимир Путин, разговараа за можните решенија за украинскиот судир, изјави претставникот на Кремљ, Јуриј

Николоски: Старата чаршија во Гевгелија повторно блеска

Старата чаршија во Гевгелија добива нов лик, а вечерната атмосфера дополнително го истакнува нејзиниот обновен изглед. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека реализацијата на проектот е резултат
Go toTop