Дали ДПМНЕ е над сите закони? СДСМ бара да одговори кој од Белата палата се јавил за да има куќен притвор за Асмир Пуцко Петрол?

March 12, 2025
1 min read

Социјалдемократите итно бараат ВМРО ДПМНЕ да каже кој од Белата палата се јавил за да има куќен притвор за Асмир Пуцко Петрол?

„ДПМНЕ наместо да си ја ишка мувата на капата треба да одговори дали откако бил поднесен предлог за притвор по интервенција од Белата палата следувало препавање на решението во куќен притвор? Зошто надлежните судови досега не го преиначиле ова решение за куќен притвор иако имаат надлежност за тоа?Или ДПМНЕ е над сите закони и судови и што ќе каже белата палата тоа е“, посочуваат од СДСМ.

Според нив јасно е дека куќниот притвор за осомничениот Асмир Јахоски, од Пуцко Петрол е резултат на старо-новата коалиција на ДПМНЕ и ДУИ која според нив, функционира одлично.

„Коалицијата ДУИ и ДПМНЕ го пушти и Артан Груби да избега преку граница и да биде недостапен за правдата. Поминаа цели 3 месеци власта не презема ништо да го врати. Кога Бојан Стојановски ќе држи прес конференции следен пат нека одговори што и должи ДПМНЕ на ДУИ. За колкави провизии станува збор“, велат од СДСМ.

Инаку од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска соопштија дека тие барале притвор за Јахоски, но дека предлогот не бил прифатен од судот. 

„Сите овие околности, како што е истакнато во решението, одат во прилог на намален ризик од бегство и во насока на оправданост за определување на поблага мерка за обезбедување на присуство. Така, Судијата на претходна постапка не прифаќајќи го предлогот на обвинителството одлучил на осомничениот да му изрече мерка куќен притвор, а воедно оценил дека се исполнети условите да му биде изречена и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа“, сметаат од ОЈОГОКК.

Претходно од кривичниот суд соопштија дека  јавниот обвинител се согласил да се промени мерката во домашен притвор. 

„Во однос на осомничениот А.Ј., по произнесување на осомничениот пред судија на претходна постапка Јавниот обвинител се согласи за промена на предлогот за определување мерка притвор со предлог за определување на мерка куќен притвор, што беше прифатено од Судијата на претходна постапка“, посочуваат од Кривичниот суд Скопје. 

Асмир Јахоски кој беше меѓу 11-мина приведени од вкупно 13 осомничени за набавка на мазут со сомнителен квалитет и за перење пари е син на пратеникот Исмаил Јахоски од ДУИ. Осомничените се товарат дека набавувале гориво со сомнителен квалитет и го оштетиле државниот буџет за над 167 милиони евра.

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

АНАЛИЗА: „Билатерални стратешки партнерства додека се чека на ЕУ“

Следно

Палчо имал листа за грабнување – Манев: Ни ветуваше по 150 илјади евра, Вања беше грабната по грешка

Latest from Blog

Општина Битола стартува со целосна обнова на „Дебарска“, инвестиција вредна над 37 милиони денари

Последиците од 30 годишната негрижа за улицата “Дебарска”, денес се очигледни. Оваа локална самоуправа, согледувајќи ги опасностите, уште пред 2 години започна со подготовка на документација, а сега и со реализација на

Комуналец Прилеп: Чист град се гради со заедничка грижа

ЈКП „Комуналец“ Прилеп апелира до граѓаните за поголема грижа и одговорност кон јавните површини, со цел заеднички да се придонесе за почист, поуреден и позелен град. Екипите на претпријатието денеска извршија бојадисување

„ВАР отиде на кафе“ – селекторот на Гана згрме по мечот со Англија (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/ghanafaofficial/ Иако Англија доминираше во поседот на топката со 79 проценти од времето, Гана успешно го издржа притисокот и обезбеди клучен бод во Групата Л. Сепак селекторот на Гана, Карлос Кеирош верува

ТРАМП ЗБЕСНА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ – Сенатот му нареди да ја запре војната со Иран

Сенатот на Соединетите Амрикански Држави (САД), каде мнозинството го имаат републиканците, усвои резолуција со кој му се наложува на претседателот на државата Доналд Трамп да ја запре војната со Иран или да

Коњановски на терен со директорите на јавните претпријатија по обилните врнежи

По силното невреме кое синоќа ја зафати Битола и околината, при што наврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, екипите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ се ангажирани на терен
Go toTop