Десетиот пакет санкции на ЕУ кон Русија опфаќа 121 лице и фирми

February 25, 2023
1 min read

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика истакнува дека со санкциите се опфатени и одговорните за присилната депортација и посвојувањето на најмалку 6 000 украински деца

Европската Унија и формално го усвои десетиот пакет санкции кон Русија поради војната што оваа земја ја започна во Украина.

Се смета дека е најдалекусежниот пакет досега и со него се опфатени 121 лице и фирми.

Синоќа, шведското претседателство со ЕУ соопшти дека е санкциите се одобрени, а денеска за нив се огласија и високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Унијата, Жозеп Борел, и претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Борел посочи дека санкциите значат нови ограничувања за извор и увоз од Русија, забрана за руската пропаганда, уништување на руската воена машина, а истакнува дека со санкциите се опфатени и одговорните за присилната депортација и посвојувањето на најмалку 6 000 украински деца.

„Остануваме обединети во нашата решеност да ја уништиме руската воена машина. Како дел од нашите списоци, ги таргетираме и оние кои се одговорни за депортацијата и принудното посвојување на најмалку 6 000 украински деца. Ова е јасно кршење на меѓународното право, вклучително и Женевската конвенција“,

вели Борел.

Претседателката на ЕК, пак, очекува овој пакет санкции да ги притисне оние што ги заобиколуваа досегашните санкции.

„Го поздравувам официјалното усвојување на нашиот 10. пакет санкции против Русија. Ги имаме најдалекусежните санкции досега – исцрпување на воениот арсенал на Русија и загризување длабоко во нејзината економија. Исто така, го зголемуваме притисокот врз оние кои се обидуваат да ги заобиколат нашите санкции“,

вели Фон дер Лајен.

Дека ова се најдалекусежните последици, синоќа процени и шведското претседателство.

„Заедно, земјите-членки на ЕУ ги воведоа најсилните и најдалекусежни санкции досега за да ѝ помогнат на Украина да победи во војната. ЕУ е обединета со Украина и со украинскиот народ. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина се додека е потребно“,

објави шведското претседателство со ЕУ на Твитер.

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

ЕУ одобри нов пакет санкции кон Русија

Следно

Мицкоски: Власта на СДС и ДУИ да престане да ја мачи македонската јавност и да прифати избори на кои ќе се понудат решенија за проблемот во кој тие ја втурнаа Македонија

Latest from Blog

Португалците се нафрлија кон Роналдо: Тој е смешен, ужасен и само го забавува тимот!

фото: Actu Foot @ActuFoot_ (X) Португалија одигра нерешено 1-1 со ДР Конго во првото коло од Светското првенство во 2026 година, а критиките од фановите стигнаа веднаш по последниот судиски свиреж. Најголемиот

Мерц: За прв пат најдовме заеднички јазик со Трамп, тоа е вистински успех

 Германскиот канцелар Фридрих Мерц беше еден од првите што ја напушти салата за состаноци пред новинарите и ја пофали заедничката декларација за поддршка на Украина. – Ова е прв пат откако претседателот

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП над 3 проценти е најсилна потврда за успешните економски политики

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Димитриеска-Кочоска: Растот од над 3% на БДП е показател за напредок

Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Телма телевизија, по повод 36-тиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ кој денес се одбележува во Струмица под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, истакна

Не му се верува: “Еве како реагира Зидан по трите гола на Меси во мрежата на неговиот син!“(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Француската легенда Зинедин Зидан беше на стадионот во Канзас Сити за да го гледа натпреварот од Светското првенство помеѓу Аргентина и Алжир во живо. За жал за Зизу, неговиот син Лука
Go toTop