Во 2024 пријавени четири напади од пациент или член на потесното семејство врз здравствени работници

March 12, 2025
2 mins read

На 12 март – Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници, Лекарската комора како и докторските комори ширум Европа, повикуваат на итна акција за справување со насилство со што се соочуваат здравствените професионалци и е присутно во здравствените установи, се наведува во денешното соопштение на Комората.

– Во изминатата 2024 година, во Комората се пријавени само четири напади. Во еден случај докторот е физички нападнат, во два случаи станува збор за вербален напад со закана за употреба на сила и во еден случај доктор е изложен на навреди на социјалните мрежи. Во сите случаи нападите се сторени од пациент или од член на потесното семејство, потенцираат од Лекарската комора.

Оттаму нагласуваат дека насилството врз здравствените работници, почнувајќи од вербална злоупотреба до физички напади, достигнало алармантно ниво.

– Истражувања направени од релевантни меѓународни организации проценуваат дека над 60 проценти од здравствените работници во Европа доживеале некаков облик на насилство на нивното работно место. Во анкета спроведена од Лекарската комора пред три години, 78 отсто од докторите пријавија дека биле изложени на некаков вид насилство на работното место. Од нив, 80 проценти биле изложени на вербално насилство, додека 6.8 отсто доживеале физичко насилство. Речиси 70 проценти од нападите, воопшто не се пријавени, наведуваат од Лекарската комора.

Во писмената изјава на претседателот на Лекарската комора, професор доктор Калина Гривчева Старделова, се истакнува дека на овој ден ги повикуваат креаторите на политиките да преземат решителна акција за сузбивање на насилството врз здравствените работници и генерално во здравствените установи. Тоа, како што се додава, преку имплементација во пракса на веќе донесените законски решенија за заштита од насилството, преземање подобрени безбедносни мерки во болниците, обука на здравствените работници за важноста на емпатијата во односот со пациентите, како и обука за начините за деескалација на конфликтот, психолошка поддршка на оние кои се соочиле со проблемот, како и кампања за подигнување на јавната свест за важноста од негување на однос на доверба меѓу пациентите и лекарите.

– Никој не треба да се плаши за својата безбедност додека пружа помош, ниту пак пациентите треба да се чувствуваат несигурно додека ја добиваат здравствената услуга што им е потребна. Европскиот ден за подигање на свеста за насилството врз здравствените работници, служи како моќен потсетник дека насилството не треба да биде дел од работата на здравствените работници и не треба да биде присутно во здравствените установи, нагласува Гривчева Старделова.

Комората преку кампања на социјалните мрежи, годинава потсетува на важноста за негување на партнерски однос помеѓу докторите и пациентите, заснован на меѓусебно разбирање и почит, за што поддршка доби и од здруженија на пациенти.

– Секој пациент заслужува најдобра можна здравствена грижа, а секој здравствен работник заслужува да работи во безбедна средина. Затоа, градењето меѓусебна доверба, професионализам и механизми за отчетност, е, единствениот пат кон подобрување на здравствениот систем – без потреба од насилство, без страв и без дополнителни жртви. Ако постои сомнеж за грешка или занемарување, пациентите имаат право да бараат објаснување, второ мислење или да поднесат официјална жалба. Дијалогот помеѓу пациентите и лекарите е клучен, бидејќи многу од недоразбирањата произлегуваат од страв, незнаење или неправилна комуникација, пишува во соопштението.

На иницијатива и залагање на Лекарската комора, како што се додава, во 2023 година се направени измени на Кривичниот законик со што насилството врз здравствените работници е насилство кон службени лица и претставува кривично дело.

– Со тоа, делата како употреба на сила, сериозни закани, навреда, малтретирање, задавање телесни повреди или закана со употреба на оружје кон лекар при вршење на професионалните работни задачи, се кривични дела за што е предвидена казна – затвор. Овие законски измени се во насока на демотивирање на избор на насилството, како начин за решавање на проблемите, потенцираат од Лекарската комора.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Скандал: Иљази призна вина за злоупотреба на службената положба на Токсикологија и се спаси од затвор

Следно

Колку е штетен мазутот кој се увезува во Македонија?

Latest from Blog

Митева: Последните инсталирани кадри на СДСМ и ДУИ во правосудството видоа дека сме сериозни во намерата и почнаа жестоко да се бранат, ќе продолжиме да бараме одговорност

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата гостуваше во емисијата ,,За или против“ што се емитува на телевизија Алфа и истакна дека ќе продолжат да бараат одговорност од

Трамп: Нашите луѓе се на пат кон Русија во моментов

Американскиот претседател Доналд Трамп, пред средбата со ирскиот премиер во Белата куќа, рече дека САД добиле „некои позитивни пораки“ за прекин на огнот со Украина, по вчерашните разговори во Саудиска Арабија. –

Георгиевски во Аргумент плус: Трговската војна ги погодува САД, ЕУ, Канада и Мексико, Европа е на удар бидејќи е веќе во криза

Новинарот Борис Георгиевски во Аргумент плус рече дека за 30-дневниот прекин на огнот во Украина, најважно е како ќе реагира Русија. Тој додаде дека се очекува американскиот претседател Доналд Трамп да има

Ердоган: Туркије го поздравува прифаќањето на прекинот на огнот од страна на Украина

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес го поздрави неодамнешното прифаќање на прекинот на огнот од страна на Украина во конфликтот со Русија, изразувајќи надеж дека Москва ќе одговори „конструктивно“

Кире Лазаров против Словенија ќе настапи во следниот состав (ФОТО)

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20 часот во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се соочи против Словенија во квалификациите за Европското првенство (ЕП). Селекторот Кире Лазаров неколку часа пред натпреварот го избра составот
Go toTop