Ристески: Борбата против криминалот и корупцијата почнува со реформирање на правосудството

March 11, 2025
1 min read

На денешната собраниска седница на која се дискутираше за интерпелациите на членовите на Судски совет, до македонската јавност се обрати и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески. Тој истакна дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ се посветува на реформирање на правосудниот систем. Ристески ги критикуваше политичките елити на СДСМ за поттикнување криминал и корупција преку правосудството и нагласи дека за вистинска промена се потребни законски и кадровски реформи. Ристески додаде и дека судството и обвинителството треба да се ослободат од минатото и да започне борба против криминалот и корупцијата.

Ристески истакна дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ, уште од својот почеток, посвети значајно внимание на процесот на консолидација на правосудниот систем, нагласувајќи дека основен приоритет на Владата е да обезбеди правда за сите граѓани, да реализира длабоки и системски реформи, како и да иницира сериозни промени во правосудниот сектор. Тој додаде дека правосудството, под влијание на политичките елити на СДСМ, се претворило во механизам што поттикнува криминал и корупција.

„Овој ваков правосуден систем е извор и генератор на криминал и корупција, функционираше како сојуз на елитата која досега беше власт во Република Македонија. Сојуз кој ги штитетше и му овозможи безмислосно да го празнат државниот буџет и да ги крадат народните пари. Досега имаме судии и обвинители кои судеа по нарачка и штитета по функција. Замижуваа пред злоупотребите, тендерите, криминалите, убиставата, криминалот на функциите на СДСМ и на ДУИ. Немаше ама баш ниту еден амбасадор во државава кој не изрази јасна и недвоосмислена критика кон функционирањето односно нефункционирањето на правосудниот систем“, вели Ристески.

Ристески истакна дека е време за нови вредности и реализација на правдата за сите. Нагласи дека судството и обвинителството треба да се ослободат од минатото и да започне борба против криминалот и корупцијата, што ќе биде возможно преку длабоки реформи, со важна улога на Судскиот совет

„Затоа, време е за нови вредности, време е за правда, време е да стане реалност желбата на граѓаните за ред, поредок, правда за сите подеднакво. Време е судството и обвинителството со доверба во рамките на статистичка грешка да биде минато. Време е од денеска да отвориме немилосрдна борба против криминалот и корупцијата. Сето ова е возможно со длабоки реформи во правосудството, во кое важна институција е и Судскиот совет“, изјави Ристески.

Ристески истакна дека за вистинска промена е потребна и законска и кадровска реформа. Според него, не може да се очекува подобрување во работата на Судскиот совет ниту реформи од тимот кој го урниса правосудниот систем.

„Овде мора да има и законска и кадровска реформа. Не може да се очекува подобрување во работата на Судскиот совет, не може да очекуваме реформи, не може да очекуваме подобри резултати од тимот кој го урниса правосудниот систем во државата. Не можеме да очекуваме да го вратат достоинството, и да го донесат на местото каде што граѓаните посакуваат да биде, односно да имаме функционален правосуден систем“, вели Ристески.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заврши првата рунда разговори меѓу американската и украинската делегација

Следно

Средношколците од гимназијата „Орце Николов“, пред Град Скопје протестираат против разрешувањето на директорот Димовски

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop