Василевска: СДС и ДУИ прифаќаа компромиси за кои македонскиот народ беше против, ВМРО-ДПМНЕ води надворешна политика која се заснова во интерес на националниот интерес на Македонија

March 10, 2025
1 min read

„Во однос на генералните политики кои ги имаме ние како владејачко мнозинство, можам да ви кажам со сигурност дека се направени длабоки анализи, дека длабоко е промислен секој чекор којшто е преземен од аспект на нашиот пристап кон водењето на меѓународните односи, поучени од искуството од минатото, поучени од целосната слика којашто генерално се менува на глобален план“ , прецизираше во своето излагање пратеничката од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во гостување на Телма ТВ во емисијата „Топ Тема“.

Василевска објасни во кој правец се движи Македонија во новото геостратешко репозиционирање, според неа она што е клучно е дека многу од работите кои се случуваат актуелно во моментов биле најавувани. Таа истакна дека нашата политика се заснова во интерес на македонскиот национален интерес, со цел да донесе добробит за своите граѓани.

„Нашата политика ќе се заснова и се заснова, тоа беше пропишано и во изборната програма, се преточи во владината програма, во интересот внатрешен на Македонија. Од тој интерес извира и нашиот однос кон сите надвор, само на таков начин секоја една зрела политика може да верува дека може да донесе добробит и за своите граѓани, но и подобро да се претстави на меѓународно поле“ , посочи Василевска.

Василевска е децидна дека добиена е сериозна поткрепа од аспект на тоа што го поддржале стратешкиот партнер САД, додавајќи дека војната која трае на европско тло е недозволиво да се случува во 21 век. Таа додаде дека тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи имал погрешен пристап, односно се прифаќале услови без никаква консултација со релевантни чинители во Македонија, кој во политиката според неа е недозволив и не вродува со плод, во однос на нашите национални стратешки интереси.

„Во овој случај мислам дека ние добивме една навистина сериозна поткрепа од аспект на тоа што го поддржавме нашиот стратешки партнер, САД, во заложбата да спроведаат еден поинаков тип на дипломатија, кој се очекува да донесе повеќе плод. Три години имаме војна на европско тло, и тоа е нешто што и за ЕУ, но и за нас како цивилизација е недозволиво да се случи во 21 век. Имаме нерешени бирократизирани прашања коишто излегуваат од рамките на Копенхашките критериуми. Во минатото некој прифати многу работи коишто не требаше да ги прифати и исто така никој не беше консултиран и информиран“ , заклучува Василевска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Судски совет за в.д. претседател на Врховен суд го определи судијата Џемали Саити

Следно

Полицијата го приведе Капушевски

Latest from Blog

Поранешниот градоначалник на Пробиштип под кривична пријава за незаконско одобрување на градба

Поранешен градоначалник на Пробиштип и двајца вработени во општината се соочуваат со кривична пријава поради сомнение за несовесно работење во службата. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела пријава против три лица

Бејта го отвори изборниот штаб во Гостивар: „Чесност и транспарентност на прво место“

Коалицијата Вреди вчеравечер го отвори својот изборен штаб во Гостивар, со што официјално ја започна кампањата за повторените избори за градоначалник на 11 јануари. Кандидатот на коалицијата, Невзат Бејта, пред присутните ги

Пред крајот на годината: Масар Омерагиќ за успесите и проблемите во македонскиот фудбал

Вечерва во 19:00 часот на официјалните Facebook и YouTube платформи на Фудбалската федерација на Македонија се емитува новогодишното издание на Podcast „Куќа на фудбалот“, во кое гостува претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.
Go toTop