Лидерите на партиите на Албанците на средба со Рама во Тирана

January 10, 2023
2 mins read

Лидерите на политичките партии на Албанците во земјава денеска се очекува да заминат на средба во Тирана на покана на албанскиот премиер Еди Рама.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера изјави дека денешниот состанок во Тирана е новогодишна средба со цел размена на мислења по однос на актуелните прашања во регионот и посакување успех во годината што е пред нас и апелираше да не се создава „некаква конспирација“ во врска со неа.

Според Османи, за средбата нема однапред предвидена агенда за која што ќе се разговара и таа ќе претставува можност за комуницирање и размена на идеи, информации и ставови за добробит на регионот и на Северна Македонија и Албанија.

– Можам да кажам дека премиерот на Албанија е докажан пријател на Република Северна Македонија, посебно тоа го докажа во текот на овие години и месеци преговори со Република Бугарија, кога буквално некогаш на сметка и на интересите на Албанија, ги кажуваше позициите и на Република Северна Македонија во тој дел. Навистина не сметам дека треба да се создаде некаква конспирација по однос на овие средби, рече Османи.

Пратеникот од Движењето Беса, Фадил Зендели вчера изјави дека неговата партија добила покана за средбата, но рече дека тие нема да присуствуваат на неа. Тој оцени дека оваа средба е во полза на ДУИ и дека секогаш кога оваа партија има внатрешни проблеми се одржуваат вакви средби во Тирана.

– Ние имаме покана од премиерот на Албанија за утрешната средба. Централното претседателство одлучи дека ние сме спремни да соработуваме со Република Албанија и со премиерот Рама, но како политичка партија Движење Беса не сме спремни да седнеме на иста маса со ДУИ. Во овој момент на ДУИ му е потребна средба во Тирана. Не гледаме дека на некој друг му е потребна таква средба. ДУИ има интерес од една таква средба како што тоа го злоупотреби во 2017 година за свои цели. Секогаш кога имаат свои внатрешни проблеми со свои внатрешни противници, (ДУИ) бараат помош од регионот. Не гледаме дека сега треба да им излеземе на помош, рече Зендели.

Тој потенцира дека кога политичките партии на Албанците барале да седнат на маса да се договорат за некои прашања, лидерот на ДУИ никогаш не бил подготвен да зборува со нив, дури, како што рече, во некои медиуми ги има навредувано.

– Ако сме ние злобници, тогаш не гледаме никаква причина да седнеме со него на иста маса кога нему му е потребно, истакна пратеникот на Беса, додавајќи дека ќе имаат средба со премиерот на Албанија, но не кога тоа е само во интерес на ДУИ.

Од Алтернатива и Алијанса за Албанците за МИА потврдија дека добиле покана за средбата и дека ќе одат на неа, без да прецизираат детали.

– Исто како што сме одговориле позитивно на сите покани за средби и во овој случај ја потврдуваме поканата, како и нашето присуство на вечерата организирана од премиерот Еди Рама, изјавија за МИА од Алијанса за Албанците.

Од Алтернатива потврдија дека претседателот на партијата Африм Гаши ќе присуствува на средбата, но дека не се знае за што ќе се разговара.

Средба од ист ваков формат со Али Ахмети, Зијадин Села и Биљал Касами, албанскиот премиер организираше на 29 декември 2016 година во Тирана, од која произлезе заедничката Декларација на албанските политички партии за зачувување на интересите на Албанците. Таа предвидуваше „целосна јазична еднаквост“, вклучувајќи го статусот на албанскиот јазик во Уставот, еднаков регионален развој, меѓународни комисии за „целосно расчистување на судските монтирани случаи“, како и „сеопфатна дебата за државното знаме, химна и грбот на начин на кој што државните симболи ќа ја рефлектираат социјалната мултиетничност и еднаквост“. Лидерите потписници на Декларацијата се заложија и дека ќе ја продолжат работата за да ги остварат овие обврски.

Последната средба на партиите потписнички на заедничката Декларација се одржа во јули 2017 година. По неа, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, свика уште една средба, но таа беше бојкотирана од другите лидери поради неговата јавна изјава дека „не седнува со никаквеци“. Претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами имаше уште еден обид да ги седне заедно лидерите на албанските партии на 7 ноември минатата година за да разговараат за измени на Амандманот 5 во Уставот со кој би се сменила формулацијата „јазикот кој го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ со „албански јазик“, но неговиот обид заврши безуспешно.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмалку 17 загинати во немири во Перу

Следно

Дачиќ во еднодневна посета на Унгарија

Latest from Blog

Рубио откри дека се уште се утврдува местото за преговори со Иран- Турција и дефинитивно отпаѓа

Рубио, исто така, на прес-конференција изјави дека иранската влада претходно се согласила на формат за состанокот во петок во Турција, но се чини дека се предомислила, објави Ројтерс. Рубио додаде дека специјалниот

Состанок во Влада за Реформската агенда: Фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност и владеењето на правото

Во Владата вечерва се одржал состанок за Реформската агенда, информира премиерот Христијан Мицкоски. -Вечерва одржавме состанок посветен на реформската агенда, со фокус на конкретни чекори за унапредување на институционалната ефикасност, владеењето на

Директорот на Идризово: Има изживување, силување, но и љубов меѓу затворениците

Гостин во „Претрес со Ландов” е генерал мајор Зоран Јовановски-Челик, директор на КПУ Идризово.Тој отворено говори за лошите услови во затворот, иако има подобрување. Како Управа од властите овие 3 години бараат

(ВИДЕО) Омерагиќ: ФФМ инвестира во модерен фудбалски амбиент: Националната арена доби LED екран од 210 метри

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја реализираше својата најнова инвестиција – сопствен ЛЕД екран долг 210 метри, со цел подобрување на искуството за публиката, зголемена видливост за партнерите и создавање дигитален фудбалски
Go toTop