Најмалку 14 загинати и 56 повредени во тешка сообраќајна несреќа во Индија

February 25, 2023
1 min read

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Најмалку 14 луѓе загинаа, а 56 се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи синоќа во индиската сојузна држава Мадја Прадеш, известува Анадолу.

Несреќата се случи во дистриктот Сидхи кога камион удрил во 3 автобуси паркирани во лентата за застанување покрај патот.

Шефот на полицијата, Мукеш Шривастава, за локалната новинска агенција Ејжан њуз интернешнал (Asian News International) изјави дека на местото на несреќата загинале 14 лица, а 56 се повредени.

Локалното официјално лице Сакет Малвија за новинарите изјави дека три автобуси запреле на патот за да се одморат патниците, кога возач на камион ја изгубил контролата над возилото поради пукање на гумата, што резултирало со страшна несреќа.

Владата на Индија најави дека семејствата на загинатите ќе добијат отштета во висина од по милион индиски рупии (приближно 12.057 долари).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Улични кучиња каснале две жени и една девојка

Следно

Бислимоски реагира: „Водовод“ лаже дека не барал поскапување на водата

Latest from Blog

Ветер во грбот на Путин, ЕДИНСТВЕНА РУСИЈА освои 349 мандати

Централната изборна комисија (ЦИК) на Русија ги соопшти конечните резултати од изборите за Државната дума од деветтиот сазив, на кои гласале повеќе од 59,8 отсто од избирачите, односно 67.448.094 граѓани, јавуваат руските

Коњановски во „Cosmic Development“: Битола има млади луѓе кои успешно градат кариера во ИТ секторот

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, ја посети компанијата „Cosmic Development“, каде што оствари средба со раководниот тим и дел од вработените. Коњановски по посетата истакна дека бил пријатно изненаден од посветеноста на
Go toTop