Турскиот и британскиот министер за надворешни работи разговараа за најновите глобални случувања

March 10, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан телефонски разговараше со својот британски колега Дејвид Лами во врска со најновите случувања во светот, соопштија денес извори од Министерството за надворешни работи на Туркије, јавува Анадолу.

Според овие извори, двајцата високи дипломати размениле мислења за тековната војна меѓу Русија и Украина.

Исто така, тие се осврнале и на европската безбедносна структура, како и улогата на државите што не се членки на ЕУ во одржувањето на безбедноста на континентот.

Меѓу темите во разговорот биле и најновите случувања во Сирија, како и билатералните односи меѓу Туркије и Обединетото Кралство, со особен фокус на соработката во одбранбениот сектор.

Сирискиот лидер Башар Асад, кој владееше речиси 25 години, на 8 декември 2024 година побегна во Русија, со што заврши режимот на партијата Баас, која беше на власт од 1963 година.

Војната меѓу Украина и Русија, која минатиот месец влезе во трета година, продолжува со жестоки воени судири, а дипломатските напори за решение сè уште траат.

Додека Украина добива постојана воена и економска поддршка од Западот, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војната би можела да заврши во рок од еден до два месеца доколку западните земји ја прекинат својата помош за Киев.

Во последен развој на настаните Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција со која се повикува на прекин на војната и воспоставување траен мир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Студенти од ФИНКИ ќе му помагаат на МОН во унапредување на дигиталното работење и забрзување на дигитализација на образованието

Следно

Еден месец суспензија за Васоски!

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период
Go toTop