Православната религија стигнала во Кина преку Византија во раниот среден век

March 10, 2025
2 mins read

Во Македонската академија на науки и уметности денеска предавање ќе го одржи д-р Игор Радев на тема „Византија на патот на свилата: византиско-кинески контакти во раниот среден век“.

Како што стои во најавата, предвањето ќе се одржи  во амфитеатарот на МАНУ со почетоко во 13:00 часот.

Во текстот во прилог кон предавањето се посочува дека до првите заемни осознавања помеѓу Римската империја и Кина при династијата Ха̀н (漢; 205 п.н.е – 220 н.е.) доаѓа во текот на I век, кога и се отвора т.н. Пат на свилата, како трансверзала за економска, а посредно и културна размена на евроазиските простори.

-Класични извори, како Страбон, Помпониј Мела, Плиниј Постариот ја именуваат Кина – Serica / Σηρική, Σῆρες / Seres < 絲 (сӣ’/ *slw; „свила“), додека други, како Птоломеј или анонимното дело Опловување на Еритрејското море (Περίπλους τῆς Ἐρυθρᾶς Θαλάσσης) користат и варијанти на називот – Sinae / Σίναι / Θῖνα < 秦 (‘Чӣн). Паралелно, и кинески историографски дела, како Книгата на подоцнежниот Ха̀н (後漢書) содржат информации за Римската држва именувана како Та̀ ‘Чи́н (大秦), чиј извор несомнено била експедицијата на Ка̄н Јӣнг (甘英) на Запад од 97 н.е.

Од доцната Антика и натаму низ раниот Среден век, врските на Источното римско царство, т.е. Византија, по Патот на свилата со Истокот само се продлабочуваат. Официјалната историографија на династијата ‘Та́нг (唐; 618-907) во Кина бележи најмалку четири пратеништва дојдени од Византија (643 г., 667 г., 701 г. и 719 г.), именувана сега како Фу́ ли̌н (拂菻). Во овој назив, со реконструиран среднокинески изговор како *piət (*p ͪut) – *lim или старокинески *phǝt – *rem посредно веќе се содржи името на Рим, т.е. Roma / ‘Ρώμη. Воедно, Старата книга на ‘Та́нг (舊唐書) дава и опис на првата арапска опсада на Константинопол (674-678) под омајадскиот халиф Муавија (вл. 661-680). Слично, пак, и византискиот историчар Теофилакт Симокатта (circa VII век) бележи внатрешни случувања во Кина сврзани со основањето на династијата Су́
ј (隋; 581-618). Кај него Кина е именувана како Ταυγάστ што доаѓа од туркскиот назив за Кина низ средниот век – Tabγač.

Ова ни помага да го идентификуваме изворот на Теофилакт за Кина во мисијата на Земарх од 569 г. пратена по налог на Јустин II вл. 565-578) до хаганот Мукан (вл. 553-572) од првиот Туркски хаганат (552-603).

Прокопиј Кесариски (circa 500-565) во своето дело За готската војна го документира трансферот на технологијата за производство на свила во времето на Јустинијан I (вл. 527-565), кога тој за таа цел испраќа двајца монаси до областа Σερίνδα, што би ја идентификувале со Таримската котлина од денешна западна Кина.

Сепак, фактот дека ниту еден современ византиски извор не бележи дека Дворот во Константинопол пратил официјални мисии директно до Кина, нѐ наведува да ги преосмислиме кинеските извори, кои говорат токму за такви пратеништва во насока нив да ги согледаме не како византиски државни мисии, туку како црковни. Во самите текстови има доволно индиции за такво нешто, при што иницијатор на овие мисии најверојатно бил Антиохискиот патријархат или некоја од неговите митрополии во Централна Азија, како онаа во Мерв.

Докази за присуство на Православната Црква од византиски обред во Кина при династијата ‘Та́нг наоѓаме во одредени археолошки наоди, како Псалтирот на согдиски јазик со грчки наслови откриен во Турфан, западна Кина. Понатаму, на познатата христијанска стела од 781 г. откриена во ‘Шӣа̄н (инаку, документ на Цркавта на Истокот од источно-сириски обред) во нејзиниот сирискојазичен дел на списокот на имиња на присутните при нејзиното подигање, забележано е името на монахот Јован (со сириски букви напишано: ܝܘܚܢܝܣ / Yōḥannīs), меѓутоа во сирискиот јазик името „Јован“ не гласи така, туку е „ܝܘܚܢܢ ) ”Yōḥannān), со други зборови, овде со сириски букви стои напишана грчката верзија на името „Јован“, т.е, „Ἰωάννης“, што можеби укажува на тоа дека тој конкретно припаѓал на византиската црковна традиција. се наведува во најавниот текст за предавањето на др. Радев.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии

Следно

Сончево и топло со температури од -4 до 23 степени

Latest from Blog

Кина ги повика САД да го продолжат со дијалогот со Русија за стратешка стабилност

Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу

Арафат: Недостатокот на противпожарна заштита е заеднички за трагедиите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана

Заедничко за пожарите во клубовите во Кочани, Букурешт и Кран-Монтана е тоа што во сите три објекти немало или не се почитувале протоколите за заштита од пожари, кажа денеска во Скопје Раед

Декември 2025 натпросечно топол и потпросечно врнежлив

Декември минатата година бил натпросечно топол и потпросечно врнежлив, покажуваат мерењата и набљудувањата на среднодневните температури и врнежи во метеоролошките станици на Македонија. Во споредба со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот

Нови авиолинии, повеќе туризам, посилна трговија: Николоски и амбасадорот на Црна Гора за поблиски врски меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министерот за транспорт Александар Николоски оствари работна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ. На средбата се разговараше за актуелните состојби во двете

Проданоски: Љубиша Јованоски ја презема директорската функција во „Комуналец“ – Прилеп

На чело на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Прилеп е именуван нов директор. Станува збор за Љубиша Јованоски, дипломиран економист, кој ја презема функцијата со јасна определба за воведување позитивни промени, зголемување
Go toTop