Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија

March 9, 2025
1 min read

Најдоцна до јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија, која што се базира на четири клучни столба. Првиот е поврзливост или инфраструктура, вториот се услугите или дигитална трансформација и на бизнис секторот и на јавните услуги, третиот се новите технологии и вештачката интелегенција и четвртиот е дигиталните вештини за граѓаните и за вработените во јавниот сектор, изјави вечерва министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

-Нашиот фокус сега е да одиме во два правци. Едниот правец е да ги дигитализираме услугите што граѓаните најмногу ги користат за да ја поткренеме свесноста дека постојат вакви електронски услуги и секако паралелно со тоа да одиме со оние институции коишто се најподготвени за брза дигитализација на нивните услуги, рече Андоновски во интервју за Тема на денот на ТВ Сител.

Министерот посочи на соработката со Агенцијата за катастар. Имотниот лист и пет други најкористени услуги од катастарот од оваа недела се достапни на порталот uslugi.gov.mk. Во сите центри за услуги во Скопје, во Општина Аеродром, во Јегуновце, во Куманово, во Охрид, во Битола и во Тетово граѓаните ќе можат да извадат ваков документ преку електронска услуга од катастарот.

– Што значи практично дека шалтерите од катастарот ги прошируваме низ целата држава и во нашите центри за услуги, рече министерот.

Со измените на Законот за електронски документи од 1 јануари секој документ којшто ќе се испечати од порталот односно електронски документ ќе може да се користи како традиционален документ, со синиот печат.

– Што значи дека овие документи имаат електронски печат, електронски потпис, времен жиг кој што точно утврдува кој го произвел, кој го потпишува и во кое време, што значи имаат полноправна валидност и ќе можат да се користат, рече Андоновски.

Во однос на регулирањето на интернет просторот, Андоновски рече дека преку измени на Законот за медиуми, кои сега се во владина процедура, а наскоро ќе влезат во Собрание, ќе се направи обид да се поткрене нивото на професионалност на онлајн медиумите.

-Медиуми што имаат импресум, објавен уредник, најмалку тројца вработени и се регистрираат во регистарот којшто ќе го води АВМУ ќе можат да ги уживаат сите права и дома и меѓународно како препознаен медиум. Ова е барање и од ЕУ и наша желба да поставиме определена граница за тоа кој ги информира граѓаните, на кого може да му се верува, а не се оние коишто тоа го прават аматерски или, пак, тоа го прават со злонамера, сакаат да ги злоупотребат граѓаните и да пласираат дезинформации, рече Андоновски.

Министерот посочи и дека сите оние кои што сакаат да продолжат да работат без тројца вработени или не сакаат да се регистрираат во АВМУ, можат да продолжат да работат, нема да имаат никаква пречка за тоа.

– Но, медиумите кои сакаат да се препознаат и да кажат во странство, особено да членуваат во здруженија и.т.н и сакаат да кажат дека се препознаени како онлајн медиуми, треба да им ја дадеме таа можност, рече Андоновски.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Целосно затворен патот Ресен-Битола поради тешка сообраќајна несреќа

Следно

Палестинците го држат рамазанскиот пост под тешки услови во опустошената Газа

Latest from Blog

Скопје валкано, контејнери полни со отпад – Арсовска: Градот функционира, работи исто како и минатите години

Граѓаните често реагираат дека главниот град Скопје е валкан, неизметен, а контејнерите полни со отпад. „Контејнер. Оваа направа во цел свет функционира многу едноставно. Граѓаните во него фрлаат отпад, а комуналните претпријатија

АКТЕРИТЕ СОЊА МИХАЈЛОВА, СНЕЖАНА КОНЕСКА-РУСИ И ГОЦЕ ТОДОРОВСКИ НАГРАДЕНИ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО ОД ФЕСТИВАЛОТ „ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ“

Актерите Соња Михајлова, Снежана Конеска-Руси и Гоце Тодоровски се годинашни добитници на наградата за животно дело на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Педесет и деветотто издание на Фестивалот ќе се

Претседателски избори во Романија

Џорџе Симион, опозицискиот ултрадесничар и т.н. романски Доналд Трамп, обезбеди учество во вториот круг од претседателските избори,  откако вчера се одржа првиот круг поради тоа што уставниот суд  го поништи првото гласање

Македонија одбележува 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова посочи дека за да се спречи изумирање на македонскиот јазик потребни се големи чекори за заштита почнувајќи од употреба на јазикот во службена комуникација на сите нивоа во
Go toTop