СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја покажува својата вистинска политика – против еднаквоста на жените и против напредокот

March 9, 2025
1 min read

СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за постојаните напори да ги избегне реалните проблеми на граѓаните, насочувајќи се кон евтини напади и измислени скандали.

Во соопштението опозициската партијата ја критикува ВМРО-ДПМНЕ за обидите да го дефокусира народот со апсурдни обвинувања, додека, цените во маркетите растат, платите стагнираат и стандардот на граѓаните се влошува.

„Додека цените во маркетите растат, платите стагнираат, а стандардот на граѓаните се руши, ВМРО-ДПМНЕ не само што не презема ништо, туку очајно се обидува да го дефокусира народот со апсурдни обвинувања за традиционалниот Осмомартовски марш, кој веќе години наназад е симбол на борбата за правата на жените“, се вели во соопштението.

СДСМ вели дека нападите на ВМРО-ДПМНЕ против маршот за женска еднаквост се доказ за нивниот системски однос кон правата на жените.

„Овој напад не е случаен. Тој е само уште една потврда дека ВМРО-ДПМНЕ не верува во еднаквоста на жените и дека целиот нивен партиски врв – не само министерката Кочоска – го дели истото назадно мислење”, стои во соопштението.

СДСМ ја потсетува јавноста на неодамнешниот инцидент со министерката Кочоска, која ја нападна пратеничката Славјанка Петровска.

„Ова не е само поединечен испад – ова е нивниот системски однос кон жените”, велат од СДСМ, нагласувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не само што нема политика за еднакви права, туку се противи на секоја иницијатива што ја зајакнува улогата на жените во општеството.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да им одговори на граѓаните зошто цените во маркетите растат, а не да се бори против маршевите што ја слават женската еднаквост. Но, од нив никогаш не сме виделе ниту одговорност, ниту политика што е во интерес на народот – само манипулации и навреди кон сите што не се вклопуваат во нивната назадна матрица“, додаваат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Унапредување на капацитетот на институциите, заедничка симулациска вежба на МВР и ТАВ Македонија

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Владата не може да го објави договорот за паркингот на Клинички затоа што таков не постои

Latest from Blog

АБТЦ и „Тиквеш“ меѓу гостите на престижниот годишен ручек на Трговската комора на Илиноис во Америка

Американскиот Балкански Трговски Центар (АБТЦ) и винарската визба „Тиквеш“ беа меѓу гостите на овогодинешниот престижен годишен ручек организиран од Трговската комора на Илиноис, на кој присуствуваа претставници на водечки компании во државата,

Далиќ започна на блескав начин како селектор на ОАЕ

По речиси една деценија брилијантно водење на хрватската репрезентација, Златко Далиќ одлучи да замине во Азија, каде што ја презеде селекцијата на Обединетите Арапски Емирати. Синоќа тој дебитираше за новата репрезентација и

Николоски: Од март „Флајдубаи“ директно ќе лета од Дубаи до Скопје

Од март 2027 година ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, а паралелно се водат разговори за директно поврзување на Охрид со еден од аеродромите во Обединетите Арапски Емирати, соопшти

Над 100 со повреди на мозокот и двајца загинати на „ролеркостер од пеколот“ (ВИДЕО)

„Сикс Флегс свесно се коцкале со животите на луѓето. Не треба да се дозволи да постои никакво вакво возење“, рече Кристофер Булон, адвокат што ги застапува оштетените страни во граѓански тужби, најавувајќи
Go toTop