Унапредување на капацитетот на институциите, заедничка симулациска вежба на МВР и ТАВ Македонија

March 9, 2025
1 min read

Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје се одржа симулациска вежба на справување на заложничка криза во карго просторот во организација на Министерството за внатрешни работи и ТАВ Македонија.

За време на вежбата, организирана од страна на аеродромскиот оператор, ТАВ Македонија, сите засегнати оддели на Меѓународниот Аеродром Скопје, и Министерството за внатрешни работи, а поддржани и во соработка со националните служби за одговор при итни ситуации и вонредни состојби предизвикани од дејствија на незаконско постапување, беше симулирана вонредна состојба со пратка од висока вредност, заложници и експлозија со импровизирана експлозивна направа, проследена со пожар во затворен простор во приемниот магацин при Карго центарот на ТАВ Македонија.

Вежбата овозможи реална, практична можност за проценка и евалуација на координацијата за брз одговор и ефективноста на меѓуинституционалната координација меѓу одделите на скопскиот аеродром, Министерството за внатрешни работи, локалните и националните служби за итни ситуации и вонредни состојби и другите засегнати страни и чинители.

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев истакна дека вежбата се одвиваше на исклучително професионално ниво со соодветна брзина и реакција.

„Преку симулацијата на сценарио на заложничка криза, практично ги тестираме капацитетите на институциите на национално ниво, а исто така го тестираме нивото на подготвеност и брзината на реакција на службите, на владините институции како чинители и на аеродромскиот оператор ТАВ Македонија. Безбедноста на вакви витални инфраструктурни објекти и на секој поединец е од круцијално значење за нас како полиција, бидејќи со сето тоа, со зајакнување и почитување на протоколите за оваа проблематика и нивната имплементација, нѐ мапира нас како држава, но и аеродромот, на високо ниво европско па и светско ниво“, потенцираше директорот на БЈБ, Јанев.

Заменик директорот на операции на ТАВ Македонија, Перо Лупевски истакна дека оваа вежба на аеродромските безбедносни служби на ТАВ Македонија и специјалните полициски сили при МВР е од исклучително значење за безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје и патниците.

„Со оваа вежба демонстрираме подготвеност, координација и професионализам во справувањето со потенцијални закани. Високото ниво на обука, брзината на реакција и соработката меѓу службите се клучни за заштита на аеродромската оперативна безбедност и обезбедувањето на воздухопловството. Ова не е само тренинг – ова е залог за сигурност, доверба и успешна превенција. Благодарност до сите учесници за нивната посветеност и професионалност. ТАВ Македонија продолжува да инвестира во обука и модернизација за да ги одржиме највисоките стандарди на безбедност“, нагласи заменик директорот Лупевски.

Вежбата која опфати сложена вонредна состојба предизвикани од дејствија на незаконско постапување, со потенцијална безбедносна закана, има за цел тест на сите засегнати страни за брза реакција и одговор, медицински тимови, кризни комуникации и протоколи за безбедност и обезбедување, и оценка на ефикасноста на плановите за итни ситуации и вонредни состојби на аеродромот, протоколите за комуникација и координацијата меѓу повеќето учесници.

Согледувањата добиени од вежбата ќе се искористат за усовршување на програмите за обука, ажурирање на процедурите за итни ситуации и вонредни состојби, дополнително подобрување на безбедноста и обезбедувањето на патниците и персоналот и зајакнување на соработката и координацијата со ТАВ Македонија и другите институции.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кузмановски: Јас верувам во оваа млада Македонија

Следно

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја покажува својата вистинска политика – против еднаквоста на жените и против напредокот

Latest from Blog

Иран пријави нов напад од Израел врз нуклеарната постројка Фордо

ИСТАНБУЛ (АА) – Израел изврши нов воздушен напад врз нуклеарната постројка Фордо, јужно од иранската престолнина Техеран, соопштија иранските медиуми денес, јавува Анадолу. „Пред неколку моменти агресорот повторно ја нападна нуклеарната постројка

Бараат повеќе паралелки, а не приемен тест – протест во медицинското училиште во Гостивар, тестирањето се бојкотираше

Приемниот тест за учениците во средното медицинско училиште во Гостивар беше закажан за 10 часот наутро, но беше бојкотиран! Родителите излегоа со барања до училиштето, општината и министерството. Тие бараат да бидат

Се интензивира израелско – иранскиот конфликт

Се интензивира израелско-иранскиот конфликт. Израелската армија соопшти дека нападнала шест аеродроми во Иран, уништувајќи 15 авиони. Сирените за воздушен напад се вклучиле во неколку области низ Израел откако биле детектирани ракети истрелани

Ердоган: „Турција работи напорно за да спречи влошување на конфликтот меѓу Израел и Иран“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција вложува интензивни напори за да спречи нападите на Израел и неговите поддржувачи врз Иран да се претворат во „поголема катастрофа“,
Go toTop