Денес топло и сончево, од вторник дожд

March 9, 2025
1 min read

Временската прогноза за утрово предвидува дека ќе биде студено, додека во текот на денот не очекува сонце и повисоки температури со мала до умерена локална облачност и слаб јужен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според УХМР, топлото и стабилно време ќе се задржи до утре, а во вторник кон крај на денот и во текот на ноќта кон среда се очекуваат локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи и засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има и во среда и четврток во претпладневните часови.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пендаровски: Кај трансакциониот Трамп ние имаме многу малку што да понудиме

Следно

Наутро -5, преку ден преку 20 степени

Latest from Blog

ФИФА се огласи за љубовницата на Инфантино: “Никој не се пожалил на претседателот!“

фото: El Comentario (X) Откако се појави уште еден скандал во ФИФА и се појави информација дека кровната куќа на светскиот фудбал ѝ платила на љубовницата на претседателот на организацијата, Џани Инфантино,

Хаос кај Оман: Непознат проектил погоди брод

Според „UKMTO“, кој се повикува на доверлив извор, бродот бил погоден од непознат проектил, по што избувнал пожар. Пожарот е изгаснат, а бродот и сите членови на екипажот се безбедни, се вели

Бугарското МНР со критики за Македонија поради случајот со Ива Михајлова обвинета за сообраќајна несреќа со жртва

Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изрази сериозна загриженост поради последната одлука на судот во Кочани да го отфрли барањето на 23-годишната Ива Михајлова за лекување во Бугарија. Михајлова има двојно
Go toTop