Ректор со двојки во средно училиште? Се уште не почната трката, бес и револт на Универзитетот „Мајка Тереза“

March 8, 2025
1 min read

Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје наскоро се очекува да избира нов рекотр, бидејќи на сегашниот рекор, Изет Зеќири, му истекува мандатот.

Трката ќе почне следната недела и се очекува да биде напната. ТВ21 дозна дека двајца се главни кандидати: професорите Беким Фетаји и Блерим Саити. Меѓутоа, извори на телевизијата од универзитетот  изразија  загриженост во нашата редакција за една од кандидатурите. 

Фетаји е инженер по ИТ. Според неговото CV, дипломирал на „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, магистрирал на Универзитетот Оксфорд во Обединетото Кралство, и е доктор на технолошки науки со студии завршени во Грац, Австрија. 

Саити е професор по физичко образование. Според неговото CV, дипломирал и магистрирал на Институтот за физичка култура при Универзитетот во Тирана, а докторската титула ја стекнал на „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2013 година. 

Загриженоста кај  дел од академската заедница е  поврзана со слабите резултати на професор Блерим Саити во средното образование. Тие дури доставиле документи од регистрите од средното училиште, каде што, како што се гледа, Саити имал само двојки како оценки,  резултат кој што членови на академската заедница, кои побараа да останат анонимни, го сметаат за неприфатлив според стандардите што се бараат од професор, а да не зборуваме од рекор. 

Ова, како што дозна ТВ21 од своите извори, предизвикало бес и револт кај академската заедница и студентите на Универзитетот, кои бараат целосно истражување и одговорност за одлуките кои довеле до оваа ситуација. Се поставува прашањето за критериумите за избор и интегритетот во универзитетскиот сектор. Тие сметаат дека кандидат со слаб академски резултат не треба да има пристап до толку важна позиција, која влијае не само на управувањето со институцијата, туку и на иднината на младите и културното наследство на албанската заедница во Северна Македонија.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски и покрај секојдневното покачување на цените тврди дека „контролата на цените е робусна“

Следно

МВР: На Меѓународниот Аеродром Скопје ќе се одржи симулациска вежба

Latest from Blog

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,

Симулацијата покажа дека Македонија во квалификациите за ЕП 2028 ќе игра против еден гигант и ќе биде во група со само пет селекции (Фото)

Уште два дена остануваат до првиот меч на македонската фудбалска репрезентација во новата сезона од Лига на нации. Македонија прв пат ќе игра во Б сегментот и тоа против Швајцарија. Дуелите од

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја
Go toTop