СДСМ: Таравари со криминал, преку „Ѓока“ ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

March 8, 2025
1 min read

Опозициската СДСМ остро реагира на вчерашните изјави на министерот за здравство Арбен Таравари и премиерот Христијан Мицкоски, за како што наведуваат во соопштението ‘скандалозниот криминал во најава со паркингот на Клинички, потврдија дека не само што позади договорот со Ѓока се крие огромен бизнис интерес, туку дека немаат никакво чуство и интерес да ги заштитат пациентите’.

„Скандалозно и срамно е што министерот за здравство ја правда зголемената цена на паркирањето во Клиничкиот центар со цените во трговските центри. Граѓаните ќе плаќаат 50 денари на час, а не 30 како досега за да одат на лекар. Ова е врв на безобразлукот – споредувањето на луѓе кои се борат за живот со потрошувачи во шопинг молови. Пациентите, меѓу кои и лица заболени од рак и други тешки болести, немаат избор – тие мораат да дојдат во Клиничкиот центар, а Владата ги уценува со високи паркинг цени. Дополнителен скандал е изјавата на Таравари дека други фирми не сакале да се пријават на тендерот, бидејќи Клиничкиот центар „можеби нема да остане таму повеќе од седум, осум, десет години“, велат од СДСМ.

Според нив ваквата изјава целосно го разобличува хаосот и неспособноста на Владата, бидејќи само пред еден месец директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека изградбата на нов Клинички центар е стопирана поради демографски причини и намален број на жители. ‘Па, што е вистината? Или пак паркингот не е дел од коалицискиот договор’?

„Министерот Таравари сам потврди Владата предвидела смешно ниска провизија за државата – само 1% од годишните приходи на паркингот. Со ова, Мицкоски и Таравари буквално го подаруваат паркингот на приватна фирма, дозволувајќи огромен профит на сметка на пациентите и граѓаните“, посочуваат од СДСМ.

Од партијата велат дека најостро ја осудуваат криминалната зделка на Владата предводена од Христијан Мицкоски и неговиот министер за здравство Арбен Таравари, со која паркингот на Клиничкиот центар му е доделен на компанијата „Ѓока“ од Албанија под штетни и понижувачки услови за државата и граѓаните.

„Оваа криминална зделка, која е директно на штета на граѓаните, покажува дека Владата на Мицкоски нема никаква грижа за здравствениот систем и пациентите, туку работи единствено за приватни интереси. Додека јавните здравствени установи тонат во долгови и недостиг на ресурси, Владата буквално го распродава државниот имот за безвредни трошки“, велат од СДСМ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата

Следно

УЈП: Нова можност за издавање на код за идентификација за интегрирана наплата

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop