Државата со долг од 70 милиони евра кон компаниите за поврат на ДДВ

March 8, 2025
1 min read

Од смената на власта до сега, државата должи околу 70 милиони евра кон компаниите за поврат на ДДВ, покажуваат податоците на УЈП, во кои имаше увид ТВ21.

До редакцијата на ТВ21 пристигнаа многу реакции од компании кои тврдат дека УЈП им должи со месеци за поврат на ДДВ. Сумите се од неколку стотици до неколку милиони евра, а доцнењето по 4-6 па и 8 месеци, а кај некои со години.

За ТВ21 ова го потврдија и од Сојузот на стопански комори.

Инаку податоците кои ги доби ТВ21 покажуваат дека од јули лани до крајот на годината, УЈП добила барања за поврат на ДДВ тешки над 292 милиони евра, а вратила назад на компаниите 232 милиони евра. Или невратениот ДДВ кон компаниите бил речиси 60 милиони евра. Годинава пак доспеале побарувања од 138 милиони евра, а не биле вратени 8 милиони евра. Или вкупно од јули лани до сега долгот е над 68 милиони евра.

Директорката на УЈП Елена Петрова тврди дека повратот на ДДВ се исплаќа редовно, освен во случаите каде што треба дополнителна проверка.

Колку време им треба за дополнителните проверки таа не прецизираше.

Парите пак кои се плаќаат за камати на компаниите за секој ден задоцнување со повратот на ДДВ, тврди се многу помали од парите кои се спречени да бидат одлеани од буџетот преку злоупотреби.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кристофер Нолан го започна снимањето на „Одисеја“

Следно

Премиерот Мицкоски во посета на Свети Николе

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу

Тоневски: Пробиштип усвои Акциски план за млади со конкретни активности за 2027/2028 година

Пробиштип беше домаќин на Национален младински дијалог, на кој учествуваа млади од Пробиштип, Берово, Пехчево, Виница, Зрновци и Кавадарци, како и младински работници. На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони
Go toTop