Најмалку 22 лица загинаа во пукотници поврзани со банди во Еквадор

March 7, 2025
1 min read

Најмалку 22 лица се убиени, а тројца се ранети во престрелка во градот Гвајакил, Еквадор, за што полицијата се сомнева дека е злосторство поврзано со банда.

Престрелката избувнала во четвртокот во една од населбите на Гвајакил, Социо Вивиендо, а жртвите биле убиени во различни домови, пишува еквадорскиот Универсо.

Меѓу убиените и повредените има и лица поврзани со криминални дејствија како грабеж, нелегално поседување оружје и трговија со дрога.

Се претпоставува дека околу 20 вооружени лица влегле во Социо Вивиендо преку планинска област, а мештаните го снимиле инцидентот на своите мобилни телефони.

Полицијата соопшти дека најверојатно станува збор за насилен судир меѓу криминални банди кои се борат за територија.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Правецот на надворешната политика на земјава е јасен – стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ, велат извори од МНР

Следно

Пешевска: СДС покажаа дека личните и партиски интереси им се пред сите жени

Latest from Blog

Битола ќе добие нова енергија – ВМРО-ДПМНЕ ја откри советничката листа!

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ја претставија својата советничка листа за Битола, нагласувајќи дека нудат комбинација од континуитет, искуство и свежа енергија за новата голема победа. „Остануваме посветени на Битола, продолжуваме искрено, вредно и

ТРЧАЈ БЕ 2025 – големи спортски настани во Битола

СВР Битола заради одржување на спортската манифестација ТРЧАЈ БЕ 2025, во чии рамки годинава ќе се одржи и Националното првенство во полумаратон, на ден 14.9.2025 година (недела) во Битола, во временскиот период

Влада на Косово: Односите со САД остануваат стабилни, ги поздравуваме критиките

На „Фејсбук“, Криезиу истакна дека Косово е „најсериозен партнер на САД за стабилност и мир во регионот“. Тој додаде дека Владата, по првпат од прогласувањето на независноста, го исполнила мандатот, придонесувајќи за
Go toTop