Кирјиос го напушти теренот на Индијан Велс поради нова повреда

March 7, 2025
1 min read

Австралиецот Ник Кирјиос го заврши настапот на АТП турнирот во Индијан Велс, откако се повреди во воведното коло и го предаде рано утрово дуелот против холандскиот тенисер Ботик ван де Зандшулп.

Кирјиос го загуби првиот сет во тајбрејк, а во вториот противникот имаше предност од 3-0 во гемови кога австралискиот тенисер одлучи да се повлече од теренот поради болка во зглобот на десната рака.

Ван де Зандшулп во второто коло ќе се соочи со петкратниот освојувач на Индијан Велс, Србинот Новак Ѓоковиќ.

„Бев многу уверен дека ќе можам да играм. Пред два дена почувствував болка во зглобот и бев принуден да прекинам со тренинзите, но пред денешниот натпревар се чувствував добро и мислев дека нема да има проблем. За жал, работите постепено се влошија, болката стана многу акутна и не можев да продолжам“, образложи Кирјиос.

Австралискиот тенисер, кој беше финалист на Вимблдон во 2022 година, одигра само еден натпревар во претходните две сезони поради здравствени проблеми, а неговата последна победа на АТП турнирите беше во октомври 2022 година во јапонската престолнина Токио.

Турнирот во Индијан Велс се игра за награден фонд од 13 милиони долари.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перу: Разорниот пожар во Историскиот центар во Лима влезе во четвртиот ден

Следно

Советот на јавните обвинители ќе избира 47 нови обвинители

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop