ВМРО-ДПМНЕ: СДС е против инвестирање во капитални проекти, не сака државата и економијата да се развиваат и за ова го злоупотребува ССМ

March 7, 2025
1 min read

СДС и ССМ делуваат заеднички, еден со друг си ги повторуваат тезите, манипулираат со јавноста и работниците и вештачки наметнуваат тези. Колку и да негираат, тоа е повеќе од очигледно и народот ги прочита, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Планот на делување, кој се реализира преку ССМ, осмислен им е, најверојатно, во кујната на СДС, надополнета со неформалните коалициони партнери ДУИ и Левица. Слободан Трендафилов на чело на ССМ, одработувајќи за својата позиција, е само алатка за реализација на планот на СДС, чија крајна е застој во развојот на државата, нагласија од партијата.

СДС не сака Македонија да напредува и економијата да се развива, затоа преку ССМ сака десетици милиони евра да се трошат за придонеси, наместо да се инвестираат во развој кој ќе го подобри животот и ќе донеси бенефит за сите, потенцираа во соопштението.

На СДС му смета развојот и инфраструктурниот бум низ државата, не сака да се градат градинки, училишта, болници, улици, патишта. И тоа е многу очигледно. Државата се стабилизираше, почнаа да растат платите и пензиите, а економскиот раст последните два квартали од минатата година е над 3%, ова се факти со кои СДС не може да се помири, стои во денешното соопштение.

И на СДС му е јасно дека со вакво темпо на развој на државата, тие полека но сигурно ќе потонат во заборав. Па, затоа преку вештачки креирани теми се обидуваат да бидат актуелни и за актуелизирање на тие теми, преку Трендафилов, го користат ССМ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Злоупотребувајќи ја својата позиција во ССМ, Слободан Трендафилов синдикатот го внесува во непринципиелни сојузи со политичките партии СДС и Левица. Трендафилов одработува за СДС, за незаконски добиеното претседателско место и со тоа ја ставаат на коцка иднината на државата, нагласија од патријата.

Но, народот и работниците ги прочитаа и добро знаат дека не се грижат за работниците, туку манипулираат во јавноста за свои лични интереси, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од -5 до +6, каде беше најстудено, а каде најтопло утрово низ Македонија?

Следно

Перу: Разорниот пожар во Историскиот центар во Лима влезе во четвртиот ден

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop