Коцевски го доби барањето за негово разрешување

March 6, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство ја информираше јавноста дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски го доби предлогот за негово разрешување од Советот на Јавни обвинители. Оттаму соопштуваат дека откако Коцевски ќе го разгледа предлогот, ќе треба да достави писмено мислење до Советот.

„До јавниот обвинител  од страна на советот на јавни обвинители денеска е доставен предлогот за негово разрешување поднесен од страна на владата. Јавниот обвинител ќе го разгледа и писмено ќе се произнесе во законски предвидениот рок“, велат од ОЈО.

И претседателката на Советот на јавни обвинители Душица Димитриевска информираше дека предлогот е испратен и дека откако ќе добијат повратен одговор од Коцевски, веднаш ќе биде закажана седница на која ќе се разгледуваат наводите во предлогот.

Откако вчера обвинителите предлогот го добија од Владата, почна да тече законскиот рок од две недели во кој Советот треба даде мислење за разрешувањето на Коцевски.  Независно дали Советот ќе даде позитивно или негативно мислење, за негова смена последниот збор ќе го имаат пратениците.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Перински: Клучен фактор во успешноста на функционирање на една локална самоуправа е иницијативата, посветеноста и истрајноста на градоначалникот

Следно

Ружин: Односите во Западен Балкан не се најдобри, Белград и Приштина не комуницираат, Албанија се олади од Отворен Балкан

Latest from Blog

Се продлабочува хуманитарната катастрофа во Јемен- загрозени се милиони деца

„Длабоко сме загрижени за многу видливиот пораст на акутната неухранетост кај децата“, изјави Акхил Ијер, претставник на УНИЦЕФ во Јемен, за новинарите во Женева преку видео врска од Аден. Повеќе од една

Пезешкијан од хотел во Њујорк ги откри плановите на Иран за убиство на Трамп и за нуклеарното оружје (ВИДЕО)

За време на обемното интервју, еден ден по обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации, Пезешкијан ги повтори добро познатите ставови на Иран за војната, неговата нуклеарна програма и внатрешното незадоволство. Тој,
Go toTop