По повеќе од една година: Нејмар се врати во репрезентацијата на Бразил

March 6, 2025
1 min read

Напаѓачот на Сантос, Нејмар, доби повик да ѝ се приклучи на фудбалската репрезентација на Бразил за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина, што е негово враќање во националниот тим по повеќе од една година, објави денеска Бразилската фудбалска конфедерација.

Триесетитригодишниот Нејмар последен пат настапи за репрезентацијата во октомври 2023 година кога го повреди коленото на квалификацискиот натпревар против Уругвај.

По разочарувачкиот период во саудискиот прволигаш Ал-Хилал, Нејмар се врати во неговиот клуб од детството Сантос во јануари годинава, постигнувајќи три голови и додавајќи три асистенции во седум натпревари, со што го привлече вниманието на бразилскиот тренер Доривал Јуниор.

Нејмар има 128 натпревари и рекордни 79 гола за својата земја, надминувајќи го бројот на Пеле од 77 голови.  (МИА)

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Операцијата против елементите на соборениот режим продолжува во Латакија

Следно

Перински: Клучен фактор во успешноста на функционирање на една локална самоуправа е иницијативата, посветеноста и истрајноста на градоначалникот

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop