Беса отворена за опозициска соработка со Алтернатива

February 24, 2023
1 min read

Во моментот кога ќе се разјасни политичката ситуација, кога Алтернатива де факто ќе биде дел од опозицијата, нормално дека нè обединува опозициската визија и ќе бидеме подготвени да седнеме и да зборуваме за вредностите што ги делиме, рече заменик-претседателот на Движењето Беса, Арјанит Хоџа, во интервју за „360 степени“

Кога ќе се разјасни ситуацијата на политичката сцена и Алтернатива де факто ќе биде во опозиција, спремни сме да седнеме и да разговараме за вредностите што ги делиме – одговори заменик-претседателот на Движењето Беса, Арјанит Хоџа, на прашање во „360 степени“ на ТВ Алсат – дали би соработувале со партијата на Африм Гаши откако таа веќе не е дел од владејачкото мнозинство.

Од гостувањето на Арјанит Хоџа во „360 степени“ на ТВ Алсат

„Ние сме имале различни нивоа на комуникација, не значи дека биле високи нивоа што носат до нивоа на коалиционирање или соработка, но комуникацијата продолжува и нормално дека во моментот кога ќе се разјасни политичката ситуација, кога Алтернатива де факто ќе биде дел од опозицијата, нормално дека нè обединува опозициската визија и ќе бидеме подготвени да седнеме и да зборуваме за вредностите што ги делиме. Доколку делиме истите вредности за тоа како сакаме да ја гледаме државата и иднината на државата, ќе седнеме и ќе разговараме и за други конкретни чекори. Сега е многу рано да разговараме за ова прашање“,

рече заменик-претседателот на Беса.

Подавањето рака кон Алтернатива, вели Хоџа, не е нов пристап на Беса.

„Никогаш кон Алтернатива не сме имале отфрлувачки или изолирачки пристап. Тоа што Алтернатива имаше кон нас, е прашање кое треба да го одговорат тие“,

рече тој.

Алтернатива е партија што произлезе од Движењето Беса по поделбите што се случија поради лошите резултати на локалните избори во 2017 година.

Прашан дали Беса има контакти со „огнената група“ од ДУИ, како што има Алтернатива, Арјанит Хоџа одговори:

„Има пристап за да се изградат мостови на соработка, но ние сме многу внимателни во овој правец. Бидејќи, како што кажав, ‘огнената група’ не ја дефинираше својата позиција на политичката сцена. Моментално, не гледаме голема промена од политичкиот менталитет на ДУИ, бидејќи тие не ја критикуваат ДУИ, туку одредени лица внатре во ДУИ и во Владата. Во моментот кога ќе ја расчистат дилемата што сакаат и како сакаат да го видат своето политичко позиционирање, тогаш ќе бидеме спремни и ќе седнеме да разговараме за заедничките теми“.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маричиќ: Бугарските клубови не се опасност за нашиот идентитет

Следно

„Мета“ деактивираше лажни провладини профили во Србија поврзани со партијата на Вучиќ

Latest from Blog

СВИРЕЖИ И ПОТСМЕВ ЗА ФРИДРИХ МЕРЦ (ВИДЕО)

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се соочи со неодобрувачки извици и потсмев за време на посетата на област погодена од пожари во Хигеланд, во неговото прво јавно појавување по првиот ден назад на

ПУТИН СЕ ОБРАТИ ДО НАЦИЈАТА: „Пандорината кутија е отворена. Очекувајте жесток одговор“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Украина „ја отворила Пандорината кутија“ со напади врз руската економска инфраструктура и најави руски напади врз најчувствителните економски сектори во Украина, објави Ројтерс во саботата. Украина

Шест години брендираната гардероба на Боки 13, вредна 600.000 евра, ,,скапува” во магацин

Веќе шест години, во еден од магацините на Агенцијата за управување со одземен имот, стои конфискуваната брендирана гардероба на Бојан Јовановски-Боки 13, вредна речиси 600.000 евра. Во овој период луксузната облека ниту
Go toTop