УЈП: Не е точно дека над 80.000 вработени не зеле јануарска плата за 2025

March 6, 2025
1 min read

Управата за јавни приходи (УЈП) денеска преку соопштение информира дека транспарентно и точно ги доставува податоците за пресметки за плата (МПИН) за јануари 2025 година и споредбените податоци за јануари 2024 година. Според нив, не е точно дека се уште над 80 000 вработени не зеле јануарска плата за 2025 година.

– За јануари 2025 година, обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.322 работодавачи за 550.001 вработено лице. Бидејќи законскиот рок 15 февруари се падна во сабота, земајќи ги уплатите до 14 февруари, МПИН пресметките ги платиле 46.525 работодавачи (66,2 проценти) за 468.490 вработени лица (85,2 проценти). Земајќи ги предвид и уплатите на 17 февраури, МПИН пресметките ги платиле 52.384 работодавачи (74,5 проценти) за 496.778 вработени лица (90,3 проценти). Ова покажува дека исплатата на платите продолжува со задоцнување и после рокот 15 февруари. Така, согласно последната состојба на МПИН уплати, а заклучно  со датум 04.03.2025 година, за месец јануари 2025 година МПИН пресметки поднеле и платиле вкупно 60.118 работодавачи или (85,5 проценти) од работодавачите за 528.418 вработени, што е  (96,1 процент), се вели во соопштението.
Од УЈП наведуваат дека според податоците не е точно дека се уште над 80.000 вработени не зеле јануарска плата за 2025 година.

– Заклучно со 04.03.2025 год. МПИН пресметката не ја платиле 4.307 работодавачи што е (6,1 процент) за 11.504 вработени лица што е (2,1 процент) од вработените, додека 5.897 работодавачи, односно  (8,4 проценти) за 10.079 вработени лица (1,8 проценти) сè уште не поднеле МПИН пресметка за месец јануари 2025 година. Бидејќи мерките за присилна наплата на УЈП се во тек, се очекува да продложи наплатата на преостанатите долговните износи, стои во соопштението.

За јануари 2024 година обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.020 работодавачи за 469.343 вработено лице. До законскиот рок 15 февруари 2024 година МПИН пресметките ги платиле 47.795 работодавачи (68.3 проценти) за 468.490 вработени лица (85,2 проценти).

– Управата за јавни приходи редовно го следи и известува за трендот на исполнување на даночните обврски. Според последната анализа споредбено на месечно ниво податоците за работодавачите кои исплаќаат плата во законскиот рок и работодавачите кои исплаќаат плата со задоцнување се на приближно исто ниво и податоците не се разликуваат драстично од месец на месец, соопшти УЈП.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медиуми: Трамп планира депортација на 240.000 Украинци

Следно

УЈП: До март плата за јануари не зеле над 21.000 работници

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска по разговорите со ММФ: Следуваат нови економски чекори

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари конструктивен состанок со извршниот директор во Меѓународен монетарен фонд, Јерон Клик, на кој се разговарало за актуелните економски состојби и предизвиците со кои се соочува земјата.

Средношколците влегуваат во светот на бизнисот: започна „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ со парична награда за старт-ап бизнис

Со учениците од СУГС „Никола Карев“ Скопје денеска започна националниот проект и хакатон-серијал „Бизнис предизвик за средношколци 2026“ образовна иницијатива што ги поврзува средните училишта со реалниот бизнис-сектор и им овозможува уште во

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран
Go toTop